Црна Гора воведува ноќен карантин во три града

 

Од понеделник 28 септември, до 12 октомври, поради порастот на случаите со корона вирус во Никшиќ, Беране и Андриевиќи, три црногорски градови, на граѓаните ќе им биде забрането напуштање на домовите.

Карантинот се воведува од 22 до 5 часот наутро, а ќе биде забранета и работата на угостителсите објекти и одењето на гости.

Во Котор, Будва, Подгорица и Пљевље во истиот 14-дневен период, угостителските објекти ќе работат до 22 часот, а на маса ќе може да седат двајца, секако ќе има и растојание од еден метар од столица до столица, грб со грб.

Во останатите црногорски општини остануваат на сила досегашните мерки.