Солшер се мајтапи со Мурињо за висината на головите по тешката победа на Манчестер Јунајтед

Манчестер јунајтед го совлада Брајтон со 3:2 во натпревар од 3. коло на Англискиот шампионат одигран попладнево. Гостите победничкиот гол постигнаа во 10.минута од судиското продолжение од пенал.

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер, се пошегува на своја сметка, откако по победата на Тотнем над Шкендија во Лига Европа, Жозе Мурињо изјави дека головите на арената „Тодор Проески“ биле 5 сантиметри пониски, па реагирале кај делгатот од УЕФА и биле донесени нови голови.

– Да беше Португалецот и на дуелот помеѓу Брајтон и Манчестер јунајтед, головите ќе беа зголемени за 5 сантиметри и „ѓаволите“ ќе дефинитивно ќе примеа многу повеќе голови.

„Треба да бидеме среќни што Жозе Мурињо не беше тука да ги измери головите“.рече на шега менаџерот на Јунајтед за „БТ Спортс“. „Се извлековме на овој натпревар. Можеби заслуживме еден бод, но не заслуживме повеќе. Но нашиот карактер заслужи цел плен. Минатата сезона имавме многу нерешени резултати, па затоа ова е голем плус за нас. Брајтон е тежок противник. Моментално не сме на најдобро ниво, но ќе стигнеме таму. Не чека уште многу работа“, рече Солшер.

Главниот судија на средбата, Крис Каванаг, најрпво отсвири крај, по што доби навестување од ВАР дека треба да се досуди пенал. Тој му дозволи на Манчестер Јунајтед да изведе удар од белата точка кој на гостите им донесе три поени.

Пеналот го реализира Бруно Фернандеш.

За Јунајтед ова е прва победа во новата сезона по два одиграни натпревара, додека Брајтон го запиша вториот пораз на третиот меч.