Во Босна и Херцеговина 235 новозаболени, починаа петмина


Во Босна и Херцеговина во саботата потврдени се 235 нови случаи на зараза со коронавирусот а пет заразени пациенти починале во изминатите 24 часа, според податоците од ентитетските здравствени власти.

Во лабораторите во БиХ од петокот биле тестирани повеќе од 1.800 примероци, при што заразата е потврдена кај 174 лица од Федерацијата БиХ и кај 59 лица во Република Српска. Поединечно најголем број на новозаразените има во Бања Лука, каде се регистрирени 25 корона инфекции.

Во Брчко има двајца новозаразени.

Бројките објавени во саботата се приближни на показателите од целата оваа седмица, а здравствените стручњаци во БиХ ги толкуваат како постепени стабилизирање на епидемиолошката ситуација.

Во текот на августи и јули бројот на новозаразените на дневно ниво речиси редовно беше поголем од 300, а понекогаш и над 400 случаи.

Во БиХ моментално има повеќе од 6.000 активни случаи, а анализата на состојбата во изминатиот месец која ја објави државното министерство за цивилни работи покажува дека од средината на месецото седмичниот број на новозаразени на 100.000 жители бил малку повисок од 52.

Според епидемиолошките критериуми, до 50 вакви случаи е прифатлива граница, бидејќи претпоставката е дека тогаш ширењето на заразара е под ефикасна контрола.