Венчаницата на принцезата Беатрис ќе биде изложена за јавноста во замокот „Виндзор“


Англија- Љубителите на кралските свадби ќе имаат шанса да видат одблизу специјална венчаница подоцна овој месец. Венчаницата на принцезата Беатрис, која беше позајмена од нејзината баба Кралицата Елизабета за нејзината венчавка на 17 јули со италијанскиот финансиер и аристократ Едоардо Мапели Мози, ќе биде изложена во замокот Виндзор на 24 септември, објави палатата вчера. 32-годишната […]

ЕУ со пад на БДП од 11,4 отсто, најголем од 1995 година


Во вториот квартал на 2020 година, Европската унија забележа сезонски пад на БДП од 11,4 , односно 11,8 проценти за еврозоната, покажуваат податоците на Евростат. Во вториот квартал на 2020 година, потрошувачката во европските домаќинства и бројот на вработени продолжија да опаѓаат. Заводот за статистика на ЕУ наведува дека падот на БДП од 11,4 проценти, […]

Овие три жени му се спротивставија на европскиот диктатор со најдолг стаж


  Поминаа пет недели од претседателските избори во Белорусија на кои Александар Лукашенко, често опишуван како последниот европски диктатор, победи со 80,23 отсто од гласовите. Во неделите потоа три жени му се спротивстваија на овој човек и не поминаа добро. По изборите во Белорусија следеа масовни протести на граѓаните кои веруваат дека гласањето беше наместено. […]

Заев по средбата со лозарите: Винариите да останат на договорените откупни цени


Винариите да останат на договорените откупни цени од 11 денари за „вранец“ и 9 денари за „смедеревка“, а државата ќе интервенира со ветените четири денари поддршка за овие две сорти и дополнително со два денари за високосортното грозје, изјави премиерот Зоран Заев по денешниот два и полчасовен состанок со лозарите во Кавадарци. – Дополнително остануваме […]

Бекамови таеле дека биле позитивни на коронавирус, допрва ќе дадат изјава


Англија– Кружат написи дека дизајнерката Викторија и фудбалерот Дејвид Бекам се заразиле со Ковид-19 на почетокот на оваа година откако се забавувале во Лос Анџелес. Според весникот „Сан“, двојката и голем број роднини, пријатели и вработени биле позитивни на Ковид-19 и решиле заразата да ја чуваат во тајност. На семејството, наводно, му се слошило во […]

ЕК: Бугарија да продолжи со реформите во рамки на механизмот за соработка и верификација


Бугарија треба да продолжи да ги спроведува реформите во рамки на Механизмот за соработка и верификација. Ова го изјави портпаролот на Европската комисија Кристијан Виганд во одговор на прашањето дали е можно Комисијата да направи чекор назад во извештајот за спроведувањето на клучните точки од Механизмот, а кои се однесуваат прес се, на независноста, професионалноста […]

Во Скопје нема општини со повеќе од 100 заразени


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани во Скопје се 33 нови случаи на корона вирус, а оздравени се 48, додека еден пациент ппочинат е на 59 годишна возраст. Вкупната бројка од почетокот во Скопје изнесува 6.156 од кои активни се 575. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките […]

Нови 99 случаи со Ковид-19, осум починати, 214 оздравени пациенти


Во последните 24 часа се направени 1384 тестирања, а регистрирани се 99 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-33, Куманово-7, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-4, Струга-2, Велес-2, Битола-6, Охрид-14, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-6, Македонски Брод-3, Виница-1, Делчево-6. Починати се осум пациенти од кои двајца од Тетово (60 г. и 71 г.), еден од Делчево (78 г.), […]

Кацин: Ситуацијата со Ковид-19 во Словенија полека се стабилизира


Портпаролот на словенечката Влада Јелко Кацин денеска изјави дека бројот на тестирања за Ковид-19 не се намалува, но дека бројот на нови случаи покажува дека состојбата полека се стабилизира, што, како што рече, е охрабрувачки. Тој на прес-конференцијата рече дека досега се забележани 11 локални извори на нови случаи, додека епидемиолозите имале проблеми со луѓе […]

Москва се нуди за посредник меѓу Грција и Турција


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров при денешната посета на Кипар изјави дека Москва е подготвена да помогне во посредување во разговорите со Турција околу истражување на гас и нафта во источниот дел на Средоземното Море. – Што се однесува до вашите односи со Турција, ние сме подготвени да промовираме дијалог, прагматично заснован на […]

Субвенции за скратена работна недела во Хрватска побарале 534 фирми


Во Хрватска досега 534 компании со 24.192 вработени побараа субвенции за скратување на работната недела. Државата ќе им исплати на сите до 2.000 куни (265 евра) по работник, а мерката ќе се применува до крајот на годината, пишува Вечерњи лист. Претприемачите од особено загрозени дејности, со пад на приходот од повеќе од 60 проценти во […]

УЕФА враќа 575 милиони евра на радиодифузерите


Европската фудбалска централа (УЕФА) ги извести клубовите дека ќе им врати 575 милиони евра на радиодифузерите поради прекинување на натпреварувањето во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Во текот на сезоната 2020/2021, УЕФА требаше да заработи 3,25 милијарди евра годишно од продажба на преноси и спонзорски договори за своите клупски натпреварувања. – Тоа се […]

Битиќи најавува поддршка за угостителството и туризмот


Угостителството и туризмот сé уште се далеку од посакуваното ниво, но Владата ќе направи максимални напори да ги поддржи вработените и компаниите од овие сектори и да зачува колку што е можно повеќе работни места за граѓаните, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на денешната средба со претставниците на Независната угостителска комора (НУК). Битиќи […]

Директорот на Тур де Франс позитивен на корона вирусот


Сите 166 возачи останаа негативни на тестот за корона вирус на Тур де Франс, но директорот на трката, Кристијан Прудом, беше позитивен на тестот и сега ќе ја напушти трката осум дена. Откако се појавија извештаи во француските медиуми, организаторот на трката АСО ја потврди веста во вторникот попладне, непосредно пред почетокот на етапата 10, […]

Состојбата во лозарството е тешка, бараме фер решение за сите, вели Заев


Состојбата во лозарството е тешка, но ќе бараме фер решение, низ дијалог, кое ќе им одговара на сите, и на производителите и на винарските визби и на државата. Притоа, треба да бидеме разумни и рационални, да ја земеме предвид КОВИД пандемијата која претставува удар за сите сегменти во стопанството, рече премиерот Зоран Заев пред денешната […]

Австрија бесплатно ќе го вакцинира населението против Ковид-19


Австриската држава ќе ги преземе трошоците за вакцинирање на населението против коронавирусот, објави Министерството за здравство на оваа држава, пренесе агенцијата Танјуг. Секој што сака да се вакцинира треба да ја добие таа можност, се вели во соопштението. „Тоа значи конкретно дека државата ќе ги преземе трошоците за вакцината“, подвлече Министерството. Вакцинацијата, според претходните најави, […]

Белград ќе организира дочек на Новата година и покрај пандемијата


  Белград ќе организира дочек на Новата година, а како ќе изгледа прославата, која ќе може да се следи и по пат на социјалните мрежи, ќе се знае за еден месец. Ова денеска го најави заменикот градоначалник Горан Весиќ, кој истакна дека бројот на луѓе и организацијата на дочекот на Новата година ќе зависи од […]

Заев: До крајот на септември ќе се знаат раководителите на институциите под извршната власт


Премиерот Зоран Заев очекува до крајот на септември да бидат именувани раководните лица на сите институции под надлежност на извршната власт. Тој денеска во Кавадарци изјави дека има намера најдоцна до крајот на неделата да ги достави до Собранието предлозите за заменици-министри. – Сакам после празникот, најдоцна до крајот на неделата, да ги доставам предлозите […]

Битиќи: Да ја покажеме љубовта за државата на дело


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи упати честитка по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија, во која повика да ја покажеме љубовта за државата на дело. -Баш на овој ден мојата агенда ме носи на пат низ земјава, одличен момент за ретрофлексија на тоа што јас правам за државата. Правата и слободите ни […]

Марија Колесникова го искинала пасошот на границата со Украина за да го спречи депортирањето


Еден од главните лидери на опозицијата во Белорусија со кинењето на пасошот го избегнала присилното протерување од нејзината земја   Белоруската опозициска фигура Марија Колесникова го искинала пасошот за да избегне депортација од сопствената земја, пренесуваат украинските медиуми. Во понеделникот маскирани лица ја киднапираа Колесникова од центарот на Минск и ја однесоа со комбе. И […]