Нови 99 случаи со Ковид-19, осум починати, 214 оздравени пациенти


Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа се направени 1384 тестирања, а регистрирани се 99 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-33, Куманово-7, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-4, Струга-2, Велес-2, Битола-6, Охрид-14, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-6, Македонски Брод-3, Виница-1, Делчево-6.

Починати се осум пациенти од кои двајца од Тетово (60 г. и 71 г.), еден од Делчево (78 г.), еден од Струга (63 г.), еден од Скопје (59 г.), еден од Дебар (52 г.) и двајца од Охрид (70 г. и 94 г). Седум пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат вон болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти од: Скопје-48, Куманово-25, Штип-11, Прилеп-9, Тетово-23, Струга-8, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-22, Гостивар-21, Гевгелија-4, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-2, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-10, Кичево-3, Неготино-3, соопшти Министерството за здравство.

https://www.facebook.com/zdravstvomk/posts/3458278210896010

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 15.226, бројот на оздравени пациенти е 12.700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.895. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6156, активни 575
• Куманово 1548, активни 231
• Дебар 260, активни 27
• Штип 1187, активни 90
• Прилеп 531, активни 139
• Тетово 1258, активни 104
• Струга 595, активни 55
• Велес 280, активни 22
• Битола 231, активни 42
• Охрид 376, активни 57
• Кавадарци 190, активни 25
• Гостивар 824, активни 114
• Гевгелија 74, активни 43 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 83, активни 31
• Крива Паланка 61, активни 19
• Радовиш 47, активни 7
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 166, активни 37
• Пробиштип 90, активни 15
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 80, активни 13
• Пехчево 38, активни 26
• Берово 68, активни 35
• Валандово 9, активни 1
• Виница 83, активни 27
• Делчево 108, активни 77 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 6
• Свети Николе 301, активни 27
• Кичево 286, активни 42
• Ресен 147, активни 0
• Неготино 48, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1384 теста се преку: ИЈЗ-298, ЦЈЗ Скопје-21, Авицена-167, Биотек-207, МАНУ -154, Клиника „Жан Митрев“ -216, Систина со PCR метода -172, лабораторија Лаор –57, Судска медицина-30, ЦЈЗ Битола-38, Инфективна клиника-10, ГАК-14. Досега во земјата се направени вкупно 159387 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 81 пациенти од кои на кислородна поддршка се 59, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се две деца и три мајки позитивни на Ковид-19, четири деца и три мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се четири пациенти. Вкупно хоспитализирани се 26 пациенти од кои на респираторна машина се седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 55
• Гази Баба – 72
• Аеродром – 99
• Карпош – 63
• Центар – 62
• Кисела Вода – 57
• Ѓорче Петров – 34
• Бутел – 36
• Шуто Оризари – 23
• Студеничани – 17
• Сарај – 16
• Арачиново – 10
• Илинден – 11
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 6
• Нераспределен-3.