Крф и Халкидики меѓу новите жаришта на корона вирусот во Грција


  Итни „пилот мерки“ се во сила од петокот во Атина, Акавала, Александрополи и на островот Порос, како резултат на зголемувањето на бројот на пациенти со корона вирус само на тие места. Овие строги мерки се проба за мерките што ќе се применуваат во голем број други области, каде расте и бројот на заболени од […]

Deeper underground festival од Охрид се сели во Скопје


Deeper underground festival, кој требаше да се одржи во Охрид, се сели во Скопје, соопштија од „Авалон продукција“. Фестивалот ќе се одржи на 15 и 16 август на просторот на „А1 арената“ на отворено, а настапот на Meduza е откажан. „Историски тешки времиња бараат историски напори, но се надеваме дека сето тоа ќе резултира со […]

И во Италија ново жариште на коронавирус по враќањето на тинејџери од Хрватска


Две 18-годишни девојки се вратиле во италијанскиот град Падова заразени со коронавирусот по летен одмор во Хрватска, поради што 24 матуранти од провинцијата Венето ќе бидат во изолација, јавија денеска италијанските медиуми. Тие биле на матурска екскурзија на Паг, а сите од класот кои отишле на патувањето ќе треба да бидат тестирани за вирусот ковид-19, пренесува Кориере […]

В недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“


Пливачкиот Клуб „Вардар 2018“, со поддршка на Општина Крушево, во недела, на 9 август, ќе го организира Првиот крушевски маратон кој го носи името на Тоше Проески. Маратонот ќе се одржи на Крушевското Езеро. Ќе почне во 11 часот, а должината што ќе ја пливаат учесниците е 2,5 километри. Според објавата на пливачкиот клуб „Вардар […]

Вашингтон воведе санкции за премиерката на Хонгконг


Вашингтон денес објави воведување санкции против 11 официјални претставници на Хонгконг, вклучувајќи ја и премиерката Кери Лам, обвинувајќи ги дека настојуваат да ја ограничат автономијата на таа територија, како и „слободата на изразување и собирање“ на нејзините граѓани. „Соединетите Држави ги поддржуваат луѓето во Хонгконг и ние ќе ги искористиме нашите ресурси и нашите овластувања […]

Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови


Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“ во Керала, Индија.  Според првичните информации, загинале пилотот и двајца патници. Според Асошиетед Прес вкупно 14 лица загинале а 123 се повредени.Лошото време   било главната причина за несреќата. Станува збор за Боинг 737.

ДУИ и СДСМ договориле принципи за коалиција


Од ДУИ брифираа попладнево дека генералните секретари на СДСМ и ДУИ, Љупчо Николовски и Артан Груби, ги договориле принципите на соработка меѓу двете партии. Според ДУИ, блиску се до договор за заедничка влада, но работата не е завршена се уште. „Имавме конструктивна дискусија за потврда на заложбите на сите граѓани на Република Северна Македонија за […]

Трамп забрани соработка со сопствениците на ТикТок


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша наредба со која се забрануваат какви било трансакции со сопствениците на кинеските компании кои ги поседуваат апликациите ТикТок и WeChat, а таа ќе стапи на сила за 45 дена. Наредбите дојдоа во моментот додека администрацијата на Трамп тврди дека ги засилува напорите за чистење на „несигурните“ кинески апликации од американските […]

Рекорден број новозаразени со корона вирус во Албанија, се вработува дополнителен медицински кадар


Во Албанија забележан е нов негативен рекорд на позитивни случаи на Ковид-19 во едно деноноќие, од почетокот на пандемијата на деветти март кога болеста беше дијагностицира кај татко и син по нивното враќање од Италија. Според Министерството за здравство и социјална заштита од направен 586 тестови во последното деноноќие, позитивен резултат е добиен кај 135 лица, што […]

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти


Во последните 24 часа се направени 1.845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на Kовид-19 во: -Скопје 51 -Куманово 11 -Дебар 2 -Штип 13 -Прилеп 4 -Тетово 10 -Струга 3 -Битола 1 -Охрид 6 -Кавадарци 14 -Гостивар 22 -Гевгелија 1 -Пробиштип 1 -Демир Хисар 4 -Македонски Брод 5 -Виница 2 -Кичево 3 -Неготино 2 […]

Македонија во третиот степен на препорака за патување на Стејт Департментот 


Американскиот Стејт департмент синоќа го укина четвртиот степен на препорака за патување во странство за најголем број земји, кое е највисоко предупредување до американските државјани да се воздржат од секакви патувања надвор од САД. Исто како и голем дел од земјите во светот, Северна Македонија е ставена во третиот степен пропорака, кој што советува „размислете […]

РЕК Битола: Неетички, нечовечки и неморални се нападите од ВМРО-ДПМНЕ


Неетички, нечовечки и неморално е во услови на елементарна непогода во рудниците во РЕК Битола, кога вработените вложуваат максимални напори да ги санираат состојбите и дури ги загрозуваат и сопствените животи, ВМРО ДПМНЕ на прес конференции да зборуваат за неспособност на комбинатот, иако од опозициската партија се свесни дека и  во услови на поплави кои […]

Бродарите на Охридското Езеро добија „корона протокол„


Претставници на Езерската полиција, на Капетанија на пристаништа и на Државниот пазарен инспекторат синоќа остварија средба со сопствениците на бродови на Охридското Езеро, со цел да им се укаже на обврските за доследно почитување на одлуките и протоколите за работа на пловните објекти и примена на безбедносно-здравствените мерки за заштита на граѓаните од КОВИД-19. На […]

Либан ќе испитува дали експлозијата била предизвикана од ракета или бомба


Либанскиот претседател Мишел Аун изјави дека во истрагата за експлозијата во магацинот во пристаништето во Бејрут се трага по фактот дали станува збор за последица од надворешно мешање или е само небрежност или несреќа, соопшти денеска неговиот Кабинет. – Причината сè уште не е утврдена. Постои можност за странско мешање преку ракета или бомба или некое друго […]

Богојески ја поддржа иницијативата на Антикорупциска за закон за потекло на имот


Македонски концепт ја поддржува иницијативата на претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска за донесување на Закон за потекло на имот на сите новоизбрани пратеници во Собранието на Македонија како и именувани министри и високи функционери. Проверка на имотната состојба на политичарите е проект што Македонски концепт ги понуди како дел од носечките столбови 3С за време […]

Германски матуранти се заразиле со Ковид-19 на одмор во Хрватска


Германските здравствени власти откриле ново жариште на корона вирусот во округот Гепинген, северно од Штутгарт, а се работи за матуранти кои, според германските медиуми, се заразиле додека биле на одмор во Хрватска. Германскиот портал T-online.de јавува дека корона вирусот е потврден кај десет матуранти по враќањето од Хрватска. Матурантите биле на островот Паг, а нивното […]

Помагал на екипа на ЕВН, Вардар го однел и него и возилото


  Во четвртокот, во 14.47 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Белештевица, велешко, на место викано „Лавчани“, при обид на С.Н. со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект, од надојдена вода С.Н. и возилото на ЕВН биле однесени кон Вардар. При пребарување на […]

Синот го нашол таткото обесен во Скопско, уште еден обесен покрај Вардар


  Во четовртокот, во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во скопско село 27-годишно лице во гаража го пронашло обесен неговиот 51-годишен татко. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. […]

Снаа од Косово избегала со детето од Лојане


Во четвртокот, во 11.30 часот во СВР Куманово, С.Р.(49) од село Лојане, Липково, пријавила дека нејзината снаа А.С.(21) од Р.Косово, со привремен престој во Куманово, се оддалечила од семејната куќа, заедно со нејзиното двегодишно дете. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Уште 62 новозаболени со Ковид-19 во Хрватска


  Во изминатите 24 часа во Хрватска потврдени се 62 нови случаи со корона вирус, со што бројот на активни случаи порасна на 553. Изминатиот ден тестирани се 1.093 примероци, пренесе Index.hr. Во болница се лекуваа 122 пациенти, од кои седум на респиратор. Од почетокот на епидемијата во Хрватска забележани се 5.466 случаи со корона […]