Тешко повреден жител на Шишево во синоќешното невреме


Ј.С. (53) од скопското село Шишево синоќа бил тешко повреден откако врз него паднала металната капија од дворот на куќата. Тој излегол да ја затвори, но поради невремето, силниот ветер и обилните врнежи, капијата во еден момент се откачила и го повредила. Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вчера во 22:00 часот во Полициското […]

Битката со Ковид-19 ја загуби Арбен Бајо, еден од најпознатите албански скулптори


Еден од најпознатите албански скулптори и професор на Академијата за уметности во Тирана, Арбен Бајо, денеска ја загуби битката со опасниот коронавирус. Тој беше хоспитализирн во Инфективната клиника во Тирана а последните денови поставен на респираторна машина. Вчера негови пријатели,колеги и студенти меѓу кои беше многу ценет, преку социјални мрежи апелираа за донирање крвна плазма […]

Албанската опозиција: Бизнисмени од Албанија инвестирале стотици милиони евра во Македонија


Поволната бизнис клима која владее во Северна Македонија наспроти „задушувачката клима“ во Албанија се услови албанските бизнисмени своите инвестиции да ги насочат кај нашиот источен сосед. Ова е ставот на албанската опозиција, што го изнесе поранешната пратеничка и задолжена за економски прашања во Демократската парија, Јорида Табаку, според која албанските бизнисмени надвор од земјата инвестирале […]

(Фото, видео) Бројот на жртви од поплавите во Евија се зголеми на петмина, двајца исчезнати


Имаме петмина мртви, од кои тројца се удавија обидувајќи се да се спасат, рече заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас и додаде дека две лица се исчезнати во поплавите на островот Евија, јави допсничката на МИА од Атина. -Во овој момент, официјално, од информациите што ги имаме, пет наши сограѓани починаа, а двајца […]

Филипче во сала: Оперираше жена која не можеше да ја движи ногата


Министерот Венко Филипче: Повторно во сала на операција. Утрово со колегите на Неврохирургија извршивме успешна операција кај дваесет и деветгодишна пациентка. Поради проблем со кичмата и неможноста од движење на ногата, неопходна и беше итна интервенција. По операцијата таа е во добра состојба и закрепнува – напишаа на Фејсбук од Министерството за здравство.

Се повеќе млади заразени со корона вирус во Италија, нови жаришта по враќањето од Хрватска


  Во Италија повеќе од 50 отсто од заразените со корона вирус се на возраст меѓу 19 и 50 години, а нови жартишта на северот избија откако млади луѓе од Италија се вратиле од летување во Хрватска. Според податоците на италијанскиот Висот инситут за здравје, со вирусот корона заразени се 12,8 отсто млади кои имаат […]

Францускиот туризам загуби 30 до 40 милијарди евра поради Ковид-19


Францускиот државниот секретар за туризам, Жан-Баптист Лемуан, во интервју за „Журнал ди Диманш“, вели дека загубите во тој сектор се движат од 30 до 40 милијарди евра, поради „непосредното влијание“ на здравствената криза, јави дописникот на МИА. -Во нормални времиња, туризмот генерира приход од 180 милијарди евра, од кои 60 милијарди доаѓа од меѓународниот туризам. […]

Бугарија регистрира 134 новозаразени со Ковид-19


Во Бугарија се потврдени уште 134 нови случаи на Ковид-19, што е за 61 помалку од претходниот ден, соопшти министерството за здравство. Вкупниот број на потврдени случаи на инфекција достигна 13.343, вклучително 749 медицински работници. Од коронавирус починаа уште тројца луѓе, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата изнесува 445.

(ВИДЕО) Горат автомобили во скопско Ново Лисиче


Во населбата Ново Лисиче утрово беа запалени неколку автомобили. Засега не се познати причините за пожарот, а нема информации ни за евентуално повредени граѓани. Околу 9.10 часот утрово во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „АСНОМ“ на паркинг имало целосно опожарено патничко возило, потврдуваат од МВР и додаваат дека нема повредени. – Од страна […]

Бебе е третата жртва од поплавите на грчкиот остров Евија


Се зголемува бројот на загинати во поплавите што го зафатија грчкиот остров Евија, а осум месечно бебе е третата жртва, додека пак Противпожарната служба на Грција интервенирала во спасување на 55 лица, јави дописиничката на МИА од Атина. Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека постојат информации за едно исчзнато лице. Од Противпожарната служба на Грција […]

Лани повеќе починати отколку родени во Македонија


За 25 години природниот прираст во земјава се намалил од 15.736, на минус 601 лице, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во 1994 година се родиле 15.736 лица повеќе од колку што умреле, а лани пак се родило 601 лице помалку отколку што умреле. Податоците од публикацијата на ДЗС за Природно движење на населението […]

Полицијата откри 94 мигранти во камион на патот Радовиш – Штип


Полициски службеници од СВР Штип синоќа при контрола на регионалниот пат Радовиш – Штип откриле 94 мигранти кои биле превозувани во товарно моторно возило. Возачот на товарното возило и неговиот сопатник побегнале, а полицијата трага по нив. Мигрантите се од Сирија, Авганистан, Ирак и Пакистан и веќе се предадени на полициски службеници од Регионалниот центар […]

Тројцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег веќе не одат на дијализа


Лилјана (42), Христијан (19) и Емри (27) се тројца пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег. Тие се во добра здравствена состојба, среќни и задоволни дека повеќе не одат на дијализа. Пациентите почнаа повторно нормално да функционираат, објави Министерството за здравство на официјалниот фејсбук профил. – Многу сме горди на тимот од клиниките на нефрологија […]

Оставка поднесе министерката за информации во Либан


Министерката за информации на Либан, Манал Абдел-Самад, денеска поднесе оставка и тоа е првата откако во експлозија на пристаниште загинаа повеќе од 150 луѓе и уништен е дел од Бејрут. „По огромната катастрофа во Бејрут, поднесувам моја оставка од владата“, наведе таа во изјавата што ја пренесоа локалните медиуми. Таа упати и извинување на либанската […]

А сега, сите во Лисабон: Еве ги деталите за нокаут фазата од Лигата на шампионите


Со победите на Барселона против Наполи и на Баерн против Челси, комплетиран е списокот со четвртфиналисти од Лигата на шампионите и се знае кои осум клуба ќе одат во борбата за престижниот пехар и за титулата европски клубски фудбалски шампион. Поради пандемијата со коронавирус и новите околности, УЕФА веќе го промени форматот на нокаут фазата, […]

Стојанов: Здравствените работници се преморени, здравството финансиски исцрпено


КОВИД-19 ги напаѓа и старите и младите, и со коморбититети и без коморбидитети. Нема правило. Ова е сè уште нова инфекција за сите нас, ни треба повеќе време за да направиме релевантни статистики. Излезе дека вирусот се прилагодува и на зимско и на летно време. Сепак, оптимист сум и мислам дека трендот на заболени е во […]

Две лица загинаа во поплавите и невремето на грчкиот остров Евија


Во силното невреме со обилен дожд што го зафати грчкиот остров Евија и предизвика поплави, во два одвоени случаи загинаа две лица на 85 и 86 годишна возраст, откако биле заглавени и не успеале да ги напуштат поплавените домови, јави допсничката на МИА од Атина. Противпожарната служба на Грција примила над 150 повици за помош, […]

ЕСМ: Купете струја на слободниот пазар, поскапа е од нашата!


Пазарот на електрична енергија е либерализиран за сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата. Секој потрошувач има право да се снабдува и на слободниот пазар на електрична енергија по цени кои не се предмет на одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, наведено е во соопштението од ЕСМ. „Доколку домаќинствата купуваат електрична енергија на слободниот пазар набавната […]

Костадинов му порача на Апасиев дека е фашист


Откако вчера пратеникот Димитар Апасиев ја скандализираше јавноста со својата објава на фејсбук која се однесува на вицепремиерката во заминување, Радмила Шекеринска, се појавија првите реакции. Неговиот колега, исто така пратеник, но и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов, му порача на Апасиев дека е фашист, но и го упати да ги врати парите што ги […]

Американците што изгубиле работа поради епидемијата ќе добијат по 400 долари неделно


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша четири извршни декрети кои обезбедуваат економска помош на милиони Американци кои ги загубија своите работни места по избувнувањето на пандемијата Ковид 19. На прес-конференцијата  Трамп објави дека, благодарение на декретите, ќе продолжат плаќањата на федерална помош на невработените. – Помошта беше 600 долари неделно и сега ќе изнесува 400 долари. […]