ЕСМ: Купете струја на слободниот пазар, поскапа е од нашата!

Пазарот на електрична енергија е либерализиран за сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата. Секој потрошувач има право да се снабдува и на слободниот пазар на електрична енергија по цени кои не се предмет на одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, наведено е во соопштението од ЕСМ.

АД ЕСМ напоменува и дека сите инвестиции, вклучувајќи ја изградбата и на обновливите извори на енергија, компанијата ги финасира од сопствени средства кои ги обезбедува со своето работење, како и од поволни линии од светските финансиски институции, кои потоа редовно ги сервисира.