Костадинов му порача на Апасиев дека е фашист


Откако вчера пратеникот Димитар Апасиев ја скандализираше јавноста со својата објава на фејсбук која се однесува на вицепремиерката во заминување, Радмила Шекеринска, се појавија првите реакции.

Неговиот колега, исто така пратеник, но и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов, му порача на Апасиев дека е фашист, но и го упати да ги врати парите што ги земаше од Специјалното јавно обвинителство, каде што беше соработник.

„Се моли Апасиев да иде во 300 СЈО и да ги врати парите народни што ги земаше од таму.
Такви фашисти, на државата не и требаат“, напиша Коста Костадинов.

Вицепремиерката Шекеринска уште нема реакција на неговиот пост, барем не на социјалната мрежа фејсбук.

По големиот број реакции во јавноста, уште се нема огласено ни Апасиев, а неговиот статус се уште стои на неговиот профил на фејсбук.

Тој од неодамна е пратеник во Собранието, исто како што е лидер на партија, а и универзитетски професор.Вулгарниот пост имаше 4.000 лајка.