До утре туристичките агенции можат да се регистрираат за користење ваучери


Лиценцираните туристички агенции кои сакаат да работат со ваучери за туризам, до утре, 10 август, може дополнително да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“. На овој начин, граѓаните кои добиле ваучери за туризам, освен во сместувачките капацитети ќе можат да ги искористат ваучерите и преку туристичките агенции кои ќе се регистрираат на платформата. […]

Профитот на Бафет скокна за 87 отсто, но КОВИД-19 го забави бизнисот во вториот квартал


„Беркшир Хатавеј“ соопшти во саботата дека заработила 26,3 милијарди американски долари или 16.314 долари по акција во текот на вториот квартал Компанијата на Ворен Бафет објави скок од 87 отсто на нето профитот во второто тримесечје бидејќи вредноста на инвестициското портфолио се зголеми со берзата, но одзеде околу 10 милијарди американски долари од вредноста на […]

Демонстрантите во Софија повторно поставија шатори 


Бугарија – Откако полицијата ги отстрани шаторите од клучните раскрсници во Софија во петокот наутро, група демонстранти синоќа ги постави повторно и го блокираше сообраќајот на најмалку три места. Овојпат полицијата не ги отстрани шаторите. Главниот инспектор Красимира Стојадинова од управата за внатрешни работи изутринава изјави дека полицијата ќе продолжи да се обидува да ги убеди […]

Нов Зеланд: 100 дена без ниту еден локално пренесен случај на Ковид-19


Нов Зеланд– Нов Зеланд има 100 дена без ниту еден нов случај на локално пренесување на коронавирусот, но властите предупредуваат дека е рано да се релаксираат мерките. Во моментов има 23 позитивни луѓе во таа држава, но тие се откриени на граница и веднаш се ставени во карантин. – Достигнувањето до 100 дена без локален пренос […]

Во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“


Пливачкиот Клуб „Вардар 2018“, со поддршка на Општина Крушево, денеска ќе го организира Првиот крушевски маратон кој го носи името на Тоше Проески. Маратонот ќе се одржи на Крушевското Езеро. Ќе почне во 11 часот, а должината што ќе ја пливаат учесниците е 2,5 километри. Според објавата на пливачкиот клуб „Вардар 2018“, не случајно првиот […]

Нагасаки: 75 години од нападот на САД со атомска бомба


Јаонија – Во јапонскиот град Нагасаки беше одбележана 75-годишнина од американското нуклеарно бомбардирање во Втората светска војна. Градоначалникот на Нагасаки и преживеаните од тој трагичен, катастрофален настан апелираа до светските лидери да се вклучат повеќе за да се забрани нуклеарното оружје ширум светот. Точно во 11.02 часот по локално време, во исто време кога американскиот […]

Во австралиската држава Викторија изворот на зараза не е познат за 2.700 случаи на Ковид-19


Австралија  – Премиерот на државата Викторија во Австралија, Даниел Ендруз изјави дека изворот на зараза не е познат за 2.700 случаи на Ковид-19, поради што надлежните се многу загрижени. Во државата Викторија вчера е забележан долгоочекуваниот пад на бројот на нови инфекции за еден ден – 397 нови случаи, но дури 17 смртни случаи кај пациенти. […]

Маските за лице ја загадуваат животната средина


Русија– Личната заштитна опрема за еднократна употреба (ППЕ) значително придонесува за веќе сериозната криза со загадување со пластика, предупредуваат експертите. Се проценува дека 194 милијарди заштитни маски и ракавици за еднократна употреба се користат секој месец низ целиот свет како резултат на пандемија на коронавирусот, според истражувањето од областа на животната средина, пренесува Скај њуз. ППЕ […]

Москва е подготвена за користење нуклеарно оружје по секој ракетен напад врз руска територија


Русија – Русија може да користи нуклеарно оружје во секој ракетен напад, без оглед на боевата глава на ракетата. Ова стана јасно од публикацијата во изданието на руското Министерство за одбрана „Краснаја звезда“. Во написот за политиката на Москва за „нуклеарно одвраќање“, генералштабот на руската армија ги објави за првпат условите под кои Кремљ би можел […]

Кардиоваскуларните болести и ракот најчести причини за смрт во Европа и кај нас


Болестите на циркулаторниот систем и ракот заедно се причина за повеќе од половина од смртните случаи во ЕУ и се движи од 52 проценти во Франција до 82 отсто во Бугарија. По овие две болести, трета најчеста причина за смрт во најголем број земји од ЕУ се болестите на респираторниот систем, покажуваат податоците на Евростат. […]

Континуиран интерес за купување станови, очекувања за намалување на цената нема


Интересот за купување станови кај граѓаните е континуиран. Пад на продажбата на становите не е забележан ниту за време на коронакризата, а цената на становите е диктирана од квалитетот на градбата и таа не се очекува да се намали.   Податоците на Народната банка покажуваат дека во јуни се одобрени станбени кредити на физички лица […]

Сообраќајот по влажни коловози, АМСМ препорачува внимателно возење


Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата. Посебно се препорачува внимателно возење низ клисурите каде има можност од појава на одрони и тоа на делниците Катланово – Велес, […]

Течат роковите за нова влада, партиите преговараат, но не соопштуваат детали


Течат роковите за формирање ново парламентарно мнозинтво и нова влада, поради што со засилено темпо се одвиваат преговорите меѓу политичките партии кои освоија пратенички места. Сите тврдат дека разговараат, но никој засега не изнесува детали за текот на преговорите и за тоа дали има евентуален напредок. СДСМ вчера повтори дека води сериозни преговори за формирање […]

Зголемен бројот на новозаразени, вакцините против грип дел од стратегијата за справување со Кoвид-19  


Нови 200 случаи на Ковид-19, 15 оздравени и четири починати лица, е билансот што го регистрира вчера Министерството за здравство. Според податоците, по Скопје, најголем број новозаразени има во Штип, Куманово, Гостивар, Тетово и Велес. Министерот за здравство, Венко Филипче најави зголемување на бројот на бесплатните сезонски вакцини против грип како дел од стратегијата за […]

Променливо облачно, со локален дожд, грмежи и засилен ветер


Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 22 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи. Утринската […]

Барселона и Баерн ја комплетираа листата на четвртфиналисти во Лигата на шампионите


Барселона и Баерн Минхен се пласираа помеѓу осумте најдобри екипи во фудбалската Лига на шампиони по вечерашните победи над Наполи, односно Челзи. На „Камп Ноу“ каталонскиот клуб беше поуспешен од Наполи и заслужено славеше со 3:1 за вкупни 4:2 во меѓусебните две пресметки. Головите за Барселона ги постигнаа Клемент Лонгле, Лионел Меси и Луис Суарез […]

Во Хавана повторно воведен карантин


  Кубанските власти во саботата повторно воведоа строг карантин во Хавана поради зголемениот број нови случаи со корона вирс, па ги затворија рестораните, баровите и базените, го сопреа јавниот превоз и забранија пристап на плажа. Куба, се фали дека има ретко успешна приказна во Латинска Америка кога станува збор за сузбивање на корона вирусот, па […]

Ден пред изборите властите во Белорусија уапсија една од главните фигури на опозицијата


  Властите во Белорусија во саботата ја притворија Марија Колесникова, истакната членка на опозициската кампања, која го предизвикува претседателот Александар Лукашенко на претседателски избори, соопштија од тимот на кампањата. Групите за човекови права велат дека повеќе од 1.300 луѓе се приведени пред изборите в недела, во обид да се намалат уличните протести кои претставуваат најголем […]

Дневник од карантинот на еден актер (18)


ВАСИЛ ЗАФИРЧЕВ „Денес сè се купува и продава. Дури и она што луѓето мислат дека нема цена. Тоа обично е и најевтино“.                                                                    […]

(Видео)Пожар во зграда во Чешка, луѓето скокаа од прозорци, 11 мртви


  Најмалку 11 лица загинаа во пожар во станбена зграда во градот Бохумин на североистокот на Чешка, соопшти полицијата. Меѓу настраданите три се деца. Пожарот избил на 11-тиот кат на зградат со 13 ката во попладневните часови. Пожарникарите велат дека пет луѓе се обиделе да избегаат од огнот скокајќи од прозорец. https://youtu.be/A52W7TIRiPk Еден пожарникар е […]