А сега, сите во Лисабон: Еве ги деталите за нокаут фазата од Лигата на шампионите

Со победите на Барселона против Наполи и на Баерн против Челси, комплетиран е списокот со четвртфиналисти од Лигата на шампионите и се знае кои осум клуба ќе одат во борбата за престижниот пехар и за титулата европски клубски фудбалски шампион.

Поради пандемијата со коронавирус и новите околности, УЕФА веќе го промени форматот на нокаут фазата, така што веќе нема да се играат по два натпревари, туку само по еден, од четвртфиналето па се до финалниот натпревар.

Исто така, за да се избегнат патувањата и да се минимизира ризикот од ширење на инфекцијата, беше решено дека сè ќе се одвива во еден град, во португалската престолнина Лисабон. Сите натпревари ќе се играат на два стадиони на португалските гиганти Бенфика и Спортинг, „Луз“ и „Хозе Алвалад“.

Еве ги датумите и времето на одржување на натпреварите:

Четвртфинале (Лисабон):

Аталанта – ПСЖ (12 август 21:00 часот, стадион „Луз“)

РБ Лајпциг – Атлетико Мадрид (13 август, 21 часот, стадион „Хозе Алвалад“)

Барселона – Баерн (14 август 21:00 часот, стадион „Луз“)

Лион – Манчестер Сити (15 август 21:00 часот, стадион „Хозе Алвалад“)

Полуфинални парови (Лисабон):

РБ Лајпциг / Атлетико Мадрид – Аталанта / ПСЖ (18 август, 21:00 часот, стадион „Луз“)

Лион / Манчестер Сити – Барселона / Баерн (19 август, 21:00 часот, стадион на „Хозе Алвалад“)

ФИНАЛЕ:

Победник на првото полуфинале – победник на второто полуфинале (23 август, 21:00 часот, стадион „Луз“)