Филипче во сала: Оперираше жена која не можеше да ја движи ногата


Министерот Венко Филипче: Повторно во сала на операција.

Утрово со колегите на Неврохирургија извршивме успешна операција кај дваесет и деветгодишна пациентка. Поради проблем со кичмата и неможноста од движење на ногата, неопходна и беше итна интервенција. По операцијата таа е во добра состојба и закрепнува – напишаа на Фејсбук од Министерството за здравство.