Повеќе тепачки низ републиката, нападнат и полицаец


  Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала повеќе тепачки во Скопје, Струга и Тетово, во кои има повредени. Имено, во средата во 20.20 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Миладин Поповиќ“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу З.З.(33), Е.З.(55) и З.З.(58), од една страна, и А.Н.(46) и Б.Н.(44), […]

Лукашенко уапси илјадници демонстранти, со сила го гуши протестот


Белоруското Министерство за внатрешни работи соопшти дека синоќа се уапсени уште 700 демонстранти, на четвртиот ден од пост-изборните протести, кои беа насилно задушени. Со тоа, вкупниот број на уапсени се искачи на 6.700 од почетокот на протестите. Министерството оцени дека немирите „го изгубиле масовниот карактер“, но дека „нивото на агресија кон безбедносните сили е сè […]

Клиентите на Еуростандард банка ќе ги подигаат парите од социјална заштита во други банки


Од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека клиентите на „Еуростандард банка“, кои имаат парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства, доколку имаат трансакциска сметка во друга банка да се обратат во таа банка или да отворат нова трасакциска сметка со цел да ги добијат средствата. – Корисниците на парични права […]

Најубавата бринета стана русокоса: Катарина Ивановска со нов изглед


Топ-моделот со светска кариера Катарина Ивановска светските писти ги замени со реклами за домашни брендови и му се посвети на семејството. Манекенката која често споделува фотографии од приватниот живот каде во фокусот се нејзините пријателки и двете деца, Ивановска сега на социјалните мрежи се пофали за новиот изглед. Вечната бринета стана русокоса и ја подели […]

Американската амбасадорка му честиташе за мандатот на Заев


Американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнз денеска на лидерот на СДСМ, Зоран Заев му го честиташе мандатот за состав на нова влада, кој претходно му го додели претседателот на државата, Стево Пендаровски. – Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако […]

Брнз: Охридскиот договор ги премости етничките поделби во земјата


Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз, денеска на Твитер напиша дека Охридскиот рамковен договор е важна пресвртница што и помогна на Северна Македонија да ги премости етничките поделби. – Денеска ја одбележуваме 19-годишнината од Охридскиот рамковен договор, важна пресвртница што и помогна на Северна Македонија да ги премости етничките поделби. Со нетрпение очекувам да […]

Петковски: ДУИ го користи конфликтот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ


Долгогодишниот политичар Тито Петковски за „Слободен печат“ вели дека, доколу добро се читаат последните пораки на ДУИ, меѓу нив и поканата за прослава на Охридскиот договор само со албанските лидери, се крие нешто друго. -Ахмети покажа дека Охридскиот договор го чита на друг начин, спротивено од оној кој Договорот го читаа како мировен. Кандидатот за […]

Мицкоски го обвини Пендаровски дека бил пион на Заев и ја узурпирал функцијата


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја помина линијата во односите со претседателот на државата обвинувајќи дека ја узурпира функцијата со тоа што му го доделил мадатот за составување на владата на лидерот на СДСМ. Христијан Мицкоски уште најави дека попладнево со група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе замине во канцелариите на претседателот Стево Пендаровски за шефот на […]

Мицкоски ќе оди кај Пендаровски да се жали за мандатот


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со дел од партиската пратеничка група попладнево во 15:30 часот ќе оди на средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски во вила Водно и ќе бара од него да им ги соопшти аргументите и доказите врз основа на кои му го додели мандатот за формирање нова влада на лидерот на […]

Пушењето е-цигари значително го зголемува ризикот од коронавирус


Пушењето влијае врз белите дробови на младите и тие почесто заболуваат од Ковид-19 од непушачите. Тоа сега го докажаа истражувачите од Медицинскиот универзитет во Станфорд   Тинејџерите и младите возрасни лица кои редовно пушат е-цигари заболуваат многу почесто и во потешка форма од Ковид-19 отколку непушачите во иста возраст. Првпат тим медицинари на чело со […]

Британската полиција со поголеми овластувања


Англија – Во Велика Британија од денска стапува во сила уредбата со која полицијата има  овластувања да ги запира и апси лицата на граница со цел да спречи шпионажа и странско мешање. Уредбата наречена Документ за борба против тероризмот и безбендст на границите, донесена е поради случајот на двојниот шпион Сергеј Скрипал, кој во март 2018 […]

Заев: Ќе успеам да формирам Влада


Лидерот на СДСМ Зоран Заев по добивањето на мандатот за составување влада, изјави дека е сигурен оти во уставно предвидениот рок ќе успее да го формира новиот владин тим. Прашан што ќе се случи ако за 20 дена не успее да состави влада, дали ќе го врати мандатот и дали ќе има нови избори, Заев […]

ПИОМ: Сите кои земаат пензија во Еуростандард банка до 21 август да изберат друга банка


Сите корисници на пензија на кои им се врши исплата на пензијата на трансакциските сметки во Еуростандард банка АД Скопје, најдоцна до 21 месецов треба да достават известување до банката преку која што би сакале понатаму да им се врши исплата на пензијата. „Во врска со соопштението на Народна банка и Решението бр.15-20139/1 од 12.08.2020 […]

КХВ и ја одзема дозволата за вршење услуги со хартии од вредност на Еуростандард банка


Комисијата за хартии од вредност трајно и ја одзема дозволата за работа за вршење услуги со хартии од вредност на Еуростандард банка – Дирекција за услуги со хартии од вредност. Ваквата одлука, Комисијата ја донесе откако беше доставено известување и Решение од Народната банка за укинување на дозволата за основање и работење и исполнување на […]

Србија има 247 новозаразени и тројца починати


  Во Србија во последните 24 часа потврдени се нови 247 заболени со Ковид-19. Тестирани биле 9.100 примероци. Во истиот период починаа три пациенти. Тоа е најмал број починати во еден ден од последиците од корона вирусот од 27 јуни наваму. На репсиратор се 78 пациенти ширум Србија.

Езерото „Младост“ станува прва иновативна туристичка дестинација во земјава


Со проектот за локална и регионална конкурентност со кој што се подобрува туристичката понуда, со вкупна вредност од речиси 1 милион евра, Езерото „Младост“ крај Велес станува смарт езеро коешто ќе биде прва иновативна туристичка атракција во земјава. Од вкупно 62 милиони денари, 55,5 милиони денари се грант, а останатите се обезбедени од општината. „Со […]

Стечајот на Еуростандард банка ја остави „Пошта“ без услугите за платен промет


Поради неработењето на Еуростандард банка од денеска на шалтерите не можеме да ги обезбедиме финансиските услуги и услугите на платниот промет за многу граѓани и правни лица, како што се наплата на сметки за комунални услуги, наплата на сметки за струја, исплата на пензии, исплата на социјална помош и други банкарски услуги и безготовински платен […]

Рекорден број новозаразени во Хрватска – 180


Во Хрватска денеска потврдени се 180 нови случаи со Ковид-19, што е рекорден број заразени во еден ден од почетокот на пандемијата, пренесе Индекс. Вкупно во Хрватска има 811 активни случаи. Во болница се 115 пациенти, а на респиратор 10.

Нови 141 случај со Ковид-19, двајца починати, 175 оздравени пациенти


Во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-48, Куманово-21, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Струга-1, Битола-7, Кавадарци-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-4, Кочани-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-4, Берово-1, Виница-7, Свети Николе-3, Кичево-5, Неготино-1. Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (88 г.) во болнички услови и пациентка од […]

МБА: Независноста на Централната банка да не се доведува во прашање


Независноста на Народната банка во ниту еден момент не треба на ниту еден начин да биде доведена во прашање, предупреди денеска Македонската банкарска асоцијација (МБА) во врска со одредени објави во медиумите дека во преговорите за формирање нова влада се дискутира и за функцијата гувернер. Според МБА, само еко е независна, Централната банка може да […]