Петковски: ДУИ го користи конфликтот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Долгогодишниот политичар Тито Петковски за „Слободен печат“ вели дека, доколу добро се читаат последните пораки на ДУИ, меѓу нив и поканата за прослава на Охридскиот договор само со албанските лидери, се крие нешто друго.

-Ахмети покажа дека Охридскиот договор го чита на друг начин, спротивено од оној кој Договорот го читаа како мировен. Кандидатот за премиер Насер Зибери, но и Али Ахмети во текот на изборната кампања не кажаа ниту две реченици на македонски јазик. Зборуваа за воведување на албанскиот јазик од прво одделение. Али Ахмети кој со национална реторика ги доби гласовие сега уценува со бројот на пратениците, вели Петковски.

Според Петковски барањето на ДУИ, премиер да биде Албанец е обид Заев да се делегитимира, но и обид да се воведе друг општествен систем.

– Ова е и удар на идејата едно општество за сите. Според тезата на Ахмети, Македонија да не биде граѓанско општество туку граѓанска држава меѓу Македонци и Албанци, значи бинационализација на земјата. Провокацијата што ја направи заменик министерот за внатрешни работи Нухиу потпишувајќи ги документите за двојазични униформи, во овој период, не е ништо друго туку национализам кој има функција да создаде зла крв и меѓу политичките конкуренти, но и меѓу граѓаните. Откако, ДУИ постои како воена формација прави провокација и го користи сериозниот конфликт меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Вулгарни и фашисоидни се уцените со 15 пратеници да има премиер Албанец или ако нема пораката е дека ќе има војна. Во Уставот јасно стои кој треба да формира влада, вели Петковски.

Според Петковски сега најдобро би било во Македонија да биде формирана Влада на национално единство која ќе биде фокусирана врз борбата против коронавирусот, криминалот и корупцијата.Тој уште посочува дека зад обидите да се елиминира Зоран Заев како победник на изборите од позицијата иден премиер се крие подземна битка за спречување на најзначајните државни интереси, ЕУ интеграциите, владеење на правото, испитување на потекло на имотот на политичарите, предметите на Специјалното обвинителство кои опфаќаат стотина партиски и државни функционери и моќници кои треба да седнат на обвинителна клупа итн.