Најубавата бринета стана русокоса: Катарина Ивановска со нов изглед

Топ-моделот со светска кариера Катарина Ивановска светските писти ги замени со реклами за домашни брендови и му се посвети на семејството.

Манекенката која често споделува фотографии од приватниот живот каде во фокусот се нејзините пријателки и двете деца, Ивановска сега на социјалните мрежи се пофали за новиот изглед. Вечната бринета стана русокоса и ја подели јавноста за новиот имиџ. Не знаеме дале ќе биде со краток или долг век.

Својата кариера како манекенка ја започна во 2004 година на Миланската модна недела откако победи на изборот на Look Models search  во Скопје. Матичната агенција и беше „Вуман“ во Милано, соработуваше со светски модни магазини, беше манекенка на ревиите на светски топ дизајнери од Валентино до Армани. Во 2012 година дебитираше и како актерка во филмот „Трето полувреме“.

Фото: Јована Зука
Фото: Јована Зука