Брнз: Охридскиот договор ги премости етничките поделби во земјата


Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз, денеска на Твитер напиша дека Охридскиот рамковен договор е важна пресвртница што и помогна на Северна Македонија да ги премости етничките поделби.

– Денеска ја одбележуваме 19-годишнината од Охридскиот рамковен договор, важна пресвртница што и помогна на Северна Македонија да ги премости етничките поделби. Со нетрпение очекувам да соработуваме со сите заинтересирани страни за зголемување на социјалната кохезија и меѓуетничко разбирање во наредните години, напиша Брнз на Твитер.