Корона вирусот секој ден со нов рекорд заболени


Светска здравствена организација (СЗО) синоќа соопшти дека во изминатите 24 часа потврдени се рекордни 262.929 случаеви на новиот коронавирус. Бројот на смртни случаи се зголеми за 5.851 со што вкупно 680.894 луѓе починале од последици од Ковид-19, а бројот на заразени лица се искачи на 17.660.523. Статистиката на СЗО е заснована на официјално потврдени податоци […]

Во повеќе црногорски градови одржани авто-литии


Во поголем број градови во Црна Гора синоќа е одржаа така наречени авто-литии во знак на протест поради усвојување на спорниот Закон за слобода на вероисповед. Во авот-литиите во Плевља, Бар и Плужине учествуваа десетина автомобили, како и во Никшиќ и во Жабњак. Приврзаниците на Српска православна црква синоќа организираа колона од десетина автомобили, кои […]

Хали Бери дебитира како режисер на Торонто филм фестивал


САД– Славните актерки Хали Бери (53) и Реџина Кинг ќе дебитираат како режисерки на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто 2020 година, од 10-20 септември, објавија организаторите. Филмот на Бери, „“Bruised,” кој го режира и глуми е приказна за ѕвезда која се бори за старателство над нејзината млада ќерка. “One Night in Miami” на Кинг се […]

Бела куќа: Нема да се одложат претседателските избори во САД 


САД – Белата куќа синоќа потврди дека претседателските избори во САД, ќе се одржат, како што се закажани на 3 ноември. Шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Марк Медоуз изјави дека изборите ќе се одржат на 3 ноември и на нив ќе победи актуелниот шеф на државата. Трамп во четвртокот побара одложување на изборите […]

Во поголем број француски градови задолжително носење маска и на отворено


Франција – Метрополата Лил, Туке, над седумдесет градови во Мајен воведоа задолжително носењето маска во некои делови од јавниот простор, со цел да се спречи повторување на епидемијата, јави дописникот на МИА. Наспроти разгорувањето на епидемијата во Франција, повеќе градови одлучија во соработка со префектурата задолжително носење на маска на отворено. – Префектите со указ отсега […]

Британски пратеник уапсен под обвинение за силување


Англија – Поранешен британски миниситер и пратеник на владејачката Конзервативна партија уапсен е откако неговата поранешна соработничка во Парламентот го обвини за силување и сексуален напад додека биле во врска. Не е објавен идентитетот на уапсениот пратеник. Жртвата тврди дека тој ја нападнал и ја принудил на сексуални односи, поради што таа била толку истрауматизирана што […]

Натпреварувањето на европскиот пазар не е можно со ситни парцели


Љупчо Ангеловски е млад семеен земјоделец во селото Егри, Општина Битола. Доаѓа од семејство со долга традиција во земјоделско производство. Oткако ја преземал водечката улога во семејното земјоделско стопанство, тој ја сфатил важноста на модернизирање на производството и воведување поодржливи и попродуктивни земјоделски практики кои ќе креираат подобри можности за создавање приходи за неговото семејство. […]

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири


Одбележувањето на големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката, Илинден годинава помина во услови на здравствени протоколи поради заштита од ширење на пандемијата од Ковид-19 и без традиционалните културно-умтнички програми и масовни народни собири. Од државниот врв, како и од политичките партии пораки за реафирмација на вредностите на Илинден 1903 и АСНОМ 1944. […]

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, Чаир на врвот меѓу скопските општини


Нови 166 случаи со Ковид-19 од 1.419 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа четири пациенти од Скопје, Кичево, Штип и Битола. Регистрирани се 185 оздравени пациенти. Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.054, бројот на оздравени пациенти е 6.882, на починати […]

Сончево и топло со температура до 35 степени


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 22 степени, а дневната од 27 до 35 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде […]

Сe удави 16-годишно момче во Преспа


Шеснаесетгодишно момче од Ресен доцна попладнево исчезна во водите на Преспанското езеро во туристичката населба Претор. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека инцидентот го пријавила Итната медицинска помош во полициската станица Ресен. „Во 18.18 часот во Полициска станица-Ресен, од итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал […]

(Видео) Астронаутите се вратија на Земјата во капсулата на Елон Маск, SpaceX


  Американските астронаути Боб Бенкен и Даг Харли, кои пристигнаа на Меѓународната вселенска станица со помош на новата капсула Crew Dragon Endeavour, на приватната фирма на Елон Маск SpaceX, успешно се спуштија денеска во Мексиканскиот залив. Астронаутитњ патуваа 21 час. Бенкен и Харли ја напуштија МВС доцна во саботата, а се спуштија по 21 час […]

Косовскиот премиер Авдулах Хоти позитивен на Ковид-19


Косовскиот премиер Авдулах Хоти информира вечерва преку својата страница на Фејсбук дека е позитивен на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина. Хоти објави дека нема видливи симптоми, освен лесна кашлица, и дека премиерските обврски во наредните две недели ќе ги извршува од својот дом, каде што ќе биде во изолација. – Денеска го извршив […]

Атракција во Сплит: Меџик Џонсон пристигна со суперјахтата


Хрватска-Граѓаните на Сплит и туристите денес уживаа во погледот на гламурозната јахта на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња-Aмериканецот Ервин Меџик Џонсон. Кој имаше среќа можеше да го види и Меџик кој со семејството и пријателите ужива во одморот, а најсреќните се фотографираа со него. Мегајахтата Aquila е најдолга лично изградена јахта во САД. […]

Грција дозволи летови од Македонија до Атина


Грчката агенција за цивилно воздухопловство во саботата издаде нова директива за авијација со која се дозволува сите авиони за Грција од Македонија да слетуваат само на меѓународниот аеродром во Атина (АИА), како дел од превентивните мерки на земјата против коронавирусот (Ковид19). Летовите кон и од двете земји претходно беа привремено забранети. Според новата диеектива, на […]

Како Де Хевиленд ја запозна Грејс Кели со принцот Рение од Монако


САД– Замислете дека сте главен ум зад една од најголемите бајки и љубовни приказни на сите времиња. Тоа беше само едно од достигнувањата на актерката Оливија де Хевиленд за време на нејзиниот долг и легендарен живот. Ѕвездата на Gone with the Wind, која почина минатиот месец  на 104-годишна возраст, одигра клучна улога во бракот на […]

Помпео: Наскоро Трамп ќе преземе мерки против кинеските компании


Претседателот на САД, Доналд Трамп набрзо ќе преземе чекори против кинеските софтверски компани кои пренесуваат податоци директно до Владата во Пекинг, изјави денеска американскито државе секретар Мајк Помпео. Тој наведе дека активностите на тие компании претставуваат ризик за американската нациоанлна безбедност. Трамп претходно изјави дека разгледува многу алтернативи за видео-апликацијата ТикТок на кинеската фирма „Бејт […]

Луѓето не сакаат да летаат: Ковид-19 ги разбуди ноќните кушет возови


  Стравот од корона вирусот и свеста за зголеменото ниво на јаглеродот доведе до ревитализирање на ноќните возови со кушет и спални кабини меѓу многу градови во Европа. Романтиката, авантурата и спокојот се врати во патувањето   Со целото нивно ветување за романтика и авантура, се чинеше дека возовите со кушет вагони во Европа дојдоа […]

Aдел сподели ретка своја фотографија за да ја поддржи Бијонсе


САД- Не е тајна дека Адел е огромен обожавател на Бијонсе. Кога во 2017 година освои Греми за албум на годината за „25 “ и ја победи Бијонсе со „Лимонада“, таа го искористи својот голем говор за да ja пофали . „Ти си нашата светлина“, рече таа тогаш. “И начинот на кој ме чувствувате мене […]

Лукаревска: Ќе има казни за сите работодавачи што ја злоупотребија помошта за исплата на плати


Независно дали некои од работодавачите ги исплатиле работниците откако изби скандалот со државната помош од 14.500 денари по вработен, сите кои направиле прекршок ќе бидат казнети, изјави денес директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска за ТВ 24. Таа исто така најави дека УЈП размислува да спроведе и други контроли во фирмите што го […]