Како Де Хевиленд ја запозна Грејс Кели со принцот Рение од Монако


САД– Замислете дека сте главен ум зад една од најголемите бајки и љубовни приказни на сите времиња. Тоа беше само едно од достигнувањата на актерката Оливија де Хевиленд за време на нејзиниот долг и легендарен живот. Ѕвездата на Gone with the Wind, која почина минатиот месец  на 104-годишна возраст, одигра клучна улога во бракот на Грејс Кели и принцот Рение од Монако.

Иако Де Хевиленд никогаш не се запознала со Кели и не се дружеле, по чиста случајност, двете филмски sвезди се нашле на истиот воз пролетта 1955 година, се возеле од Париз до Кан за осмиот Кански филмски фестивал. Де Хевиленд тогаш беше мажена за  уредникот на Paris-Match  , Пјер Галанте.

Всушност на  Галанте прв му текна на идејата да ги запознае Кели и Рение. Откако ја виде Кели во возот, Галанте предложи вечера со Де Хевиленд и главниот уредник на Paris-Match , Гастон Бонер.

„Мојот сопруг е роден во Ница на Азурниот брег“, им рече Де Хевиленд на „People“. „Тој предложи средба помеѓу Грејс и Рение на вечера со [Бонер], на патот кон Кан – идеја веднаш и ентузијастично прифатена од Гастон“.

Така, планот беше ставен во движење. Но, единствените луѓе што останаа да ги убедат беа самите Кели и Рение. Тој дел требаше да го реши Де Хевиленд, која продолжи да се приближува до Кели во возот.

„Грејс ме удри на првата средба како прилично резервирана, дистанцирана, добро воспитана млада жена“, рече Де Хевиленд, потсетувајќи се на нивната импровизирана средба „на малата платформа помеѓу трпезарискиот вагон и следниот вагон кога ја претекнав и ја прашав дали би се согласила на состанок со принцот Рение. “

„Таа веднаш се согласи, но под услов таквата средба прво да биде одобрена од студиото, кој ѝ ја спонзорирала нејзината посета на Кан: МГМ“, истакна Де Хевиленд.

Откако доби одобрение, Галанте започна да работи на Рение. Двојката ја пренесе поканата на Кели во палатата. И покрај тоа што имаше закажувања однапред и натаму, Кели се согласи да ја посети палатата тој петок.

Сепак, малку се знаеше дека тој петок  ќе биде исполнет со несреќни инциденти еден по друг. Нестана струја во хотелот на Кели, оставајќи ја без фен, светла, но и лифт. Потоа, Кели влезе во сообраќајна гужва на патот кон палатата, што резултираше со уште дополнителни задоцнувања.

И покрај неволјата, Кели пристигна во палатата, а таа и Рение ја прошетаа неговата приватна зоолошка градина разговарајќи цело време.

Според Де Хевиленд, која ја видела Кели подоцна таа вечер на фестивалот коктел-забава, „Таа беше во магепсана“.

После оваа судбинска средба, Кели и Рение останале во контакт, дури и кога се вратила во Америка. Само седум месеци по нивната прва средба, Рение патуваше за Њујорк да ја побара раката на Кели од татко ѝ.

Останатото, се разбира, е историја. Иако Де Хевиленд беше поканета на таканаречената „свадба на векот“ меѓу Кели и Рение, таа очекуваше ќерка ѝ да се породи , па не можеше да присуствува. Сепак, таа секогаш се сеќаваше на тој значаен ден во возот.

„Јас сум во искушение да мислам дека е судбина“, рече Де Хевиленд.