Атракција во Сплит: Меџик Џонсон пристигна со суперјахтата


Хрватска-Граѓаните на Сплит и туристите денес уживаа во погледот на гламурозната јахта на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња-Aмериканецот Ервин Меџик Џонсон. Кој имаше среќа можеше да го види и Меџик кој со семејството и пријателите ужива во одморот, а најсреќните се фотографираа со него.

Мегајахтата Aquila е најдолга лично изградена јахта во САД. Долга е дури 85.6 метри.

На бродот се и неговите три деца Андре, Елиса и најмладиот Еј-Џеј, познат по реалното шоу „Богати деца од Беверли Хилс“.

Меџик Џонсон (60) играше за Лејкерси од 1979 до 1991 година, а насловот првак го освои пет пати.

На прес-конференција во 1991 година објави дека е позитивен на ХИВ вирусот и дека се повлекува од светот на кошарката и дека животот ќе го посвети на борбата против таа болест.