Сончево и топло со температура до 35 степени


Фото: Б. Грданоски

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 22 степени, а дневната од 27 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 35 степени.