(Видео) Астронаутите се вратија на Земјата во капсулата на Елон Маск, SpaceX

 

Американските астронаути Боб Бенкен и Даг Харли, кои пристигнаа на Меѓународната вселенска станица со помош на новата капсула Crew Dragon Endeavour, на приватната фирма на Елон Маск SpaceX, успешно се спуштија денеска во Мексиканскиот залив.

Астронаутитњ патуваа 21 час.

Бенкен и Харли ја напуштија МВС доцна во саботата, а се спуштија по 21 час на брегот Пенсакола, Флорида, како што беше предвидено во 14.48 часот по локално време, или 20.48 по средноевропско време.

„Во име на тимовите на Спејс икс и НАСА; добродојдовте на Земјата. Ви благодариме што летавте со Спејс икс“, рече контролниот тим на Спејс икс по спуштањето на капсулата.

Контролни тимови на НАСА и Спејс икс во Хјустон и во седиштето на Спејс икс во Хауторн, Калифорнија дадоа знак на посадата на капсулата за деорбитирање речиси еден час пред слетувањето на брагот на Пенсакола.

При враќањето нво атмосферата капсулата беше со успорена брзина од 28.000 километри на час, на околу 560 километри на час, а при спуштањето намали на 24 километри на час.

Оклопот на капсулата е изработен така да издржи температура повисока од 1.900 степени Целзиусови што се достигнува од триењто низ атмосферата. Сепак, астронаутите Бенкен и Харли внатре во капсулата имаа пријатни 29,4 степени.
Посадата ќе помние еден ачс плутајќи внатре во капсулата птед заедничките тимови на Спејс икс и НАСА да ги извадат и да ги сместат во хеликоптер.

Ова е прва мисија на НАСА со посада која тргна на пат од САД во последните девет години.