Кина донира заштитна опрема во вредност од 250 илјади евра


Во касарната во Ѓорче Петров денеска ќе биде примопредадена донација во заштитна медицинска опрема од Народна Република Кина. Донацијата е во вредност од околу 250.000 евра и се состои од 62.000 заштитни маски, 4.200 заштитни очила, 3.000 визири, 6.000 заштитни одела и комплети, ракавици, инфузиски пумпи, електрични термометри и два сета термални шлемови. На примопредавањето …

Кина донира заштитна опрема во вредност од 250 илјади евра Read More »

Гласаат болните, немоќните и затворениците


Втор ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Гласаат болните, немоќните, хронично болните, затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица. Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) објавени на нивната веб-страна, денеска гласаат 8.855 болни и немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК. Најмногу болни …

Гласаат болните, немоќните и затворениците Read More »

Вкупно активни 3.486 случаи на Ковид-19, не се очекува поголем наплив во болниците


Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197 лица, од кои моментално активни се 3.486, откако вчера беа регистрирани 88 нови случаи од вкупно направени 973 тестирања. Најголем број активни има во Скопје – 1 788 лица, потоа Куманово – 194 и Дебар – 151. Од скопските општини со …

Вкупно активни 3.486 случаи на Ковид-19, не се очекува поголем наплив во болниците Read More »

Сончево и топло, попладне дожд во јужните делови


Сончево време со умерена облачност ќе преовладува денеска во земјава. Попладне во крајните јужни делови ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 17, а максималната од 24 до 29 степени. УВ индексот ќе биде …

Сончево и топло, попладне дожд во јужните делови Read More »

Во Црна Гора регистрирани уште 400 новозаразени со корона вирус


  Црногорскиот Институт за јавно здравјје соопшти дека позитивни се околу 400 од 2.000 тестови на корона вирус кои поради зголеменото тестирање се пратени во лабораторија во Германија. На тој начин, бројот на заразени во Црна Гора, кои со денешните нови 66 случаи изнесува вкупно 963, значително ќе се зголеми, што како што соопшти директорот …

Во Црна Гора регистрирани уште 400 новозаразени со корона вирус Read More »

Со победата на Дуда популистите во Полска имаат целосна власт


Сегашниот претседател ги доби најнеизвесните избори во последниве 30 години. Провинцијата и малите градови ја надгласаа либералната Полска од големите градови   ВАРШАВА – Претседателот Анджеј Дуда од Полска официјално во понеделникот вечерта тесно го освои вториот мандат на најнеизвесните претседателски избори од крајот на комунистичкото владеење во 1989 година, според изборната комисија на земјата, …

Со победата на Дуда популистите во Полска имаат целосна власт Read More »

Корона вирусот од Србија е посилен од италијанскиот


Претседателот на регионот Венето, Лука Заја, за италијанските медиуми изјави дека видот српски корона вирус е поагресивен од оној кој до сега бил познат во Италија. Лука Заја рече дека го изолирале вирусот од пациенти кои дошле од Србија. „Направивме четири теста и забележавме многу силно вирусно оптоварување, вирусите се идентични меѓу себе, но припаѓаат …

Корона вирусот од Србија е посилен од италијанскиот Read More »

Директорот на ЗОО повикан на разговор во полициска станица поради објава на ФБ


Директорот на Зоолошката градина Ѓорги Галетановски денеска бил повикан на разговор во полициска станица поради објава на неговиот Фејсбук профил. – Денеска во полициска станица повикано е на разговор лицето Ѓ.Г., кој што од неговиот личен ФБ профил споделил објава која што му била споделена од страна на друг ФБ пријател. По извршениот разговор лицето …

Директорот на ЗОО повикан на разговор во полициска станица поради објава на ФБ Read More »

Во јуни во САД најголем буџетски дефицит во историјата


Владата на САД во јуни регистрира најголемиот месечен буџетски дефицит во историјата бидејќи трошоците за антикорона-програми се зголемија, а приходите од даноци се намалија, бидејќи многу луѓе ги загубија своите работни места. Министерството за финансии на САД денеска соопшти дека дефицитот минатиот месец изнесувал 864 милијарди долари и е најголем во историјата на оваа држава, …

Во јуни во САД најголем буџетски дефицит во историјата Read More »

ДИК: 723 лица заболени од КОВИД и во самоизолација го искористиле правото на глас


Вкупно 723 лица го искористиле правото на глас во рамки на денешното гласање на лица заболени од КОВИД-19 и во самоизолација, информираше денеска Државната изборна комисија. Претседателот на ДИК Оливер Дерковски појасни дека било утврдено дека треба да гласаат 759 лица, а разликата што се јавува во бројките кои ги соопштиле претходно е од причина …

ДИК: 723 лица заболени од КОВИД и во самоизолација го искористиле правото на глас Read More »

Растат тензиите меѓу Фаучи и администрацијата на Трамп


Белата куќа сѐ повеќе го критикува американскиот стручњак за заразни болести и членот на работната група за борба против корона вирусот, Ентони Фаучи. Тоа доаѓа откако се зголемија тензиите меѓу Фаучи и претседателот на САД, Доналд Трамп. Претставник на Белата куќа вчера објави список на изјави за кои сметаат дека се проблематични. Меѓу нив се …

Растат тензиите меѓу Фаучи и администрацијата на Трамп Read More »

Корупциската криза го стави Борисов на тенок мраз


Една недела Бугарија е влезена во вител на протести. Граѓаните го губат трпението од мрежата на олигарсите, во која се фатени партијата на премиерот Борисов, државните институции, а особено судството   Повеќе од една деценија, германската канцеларка Ангела Меркел и другите лидери на централната десница на ЕУ никогаш не сакаа да размислуваат премногу за тоа …

Корупциската криза го стави Борисов на тенок мраз Read More »

Се укинува забраната во ресторани и кафулиња да седат само двајца на иста маса


Владата денеска донесе измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана со кои се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса и ограничувањето на една маса да седат четворица само ако се од исто семејство. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, е заклучено Комисијата …

Се укинува забраната во ресторани и кафулиња да седат само двајца на иста маса Read More »

НФЛ клубот од Вашингтон потврди дека ќе го смени навредливото име „Редскинс“


Тимот од Националната фудбалска лига (НФЛ) од Вашингтон денеска потврди дека ќе го смени логото и терминот „Редскинс“ од своето име, по долгогодишни реакции од домордни Индијанци и неодамна и од спонзори, кои се против употребата на навредливиот термин. Тимот, еден од најстарите во лигата на американски фудбал, оформен е пред девет децении, не најави …

НФЛ клубот од Вашингтон потврди дека ќе го смени навредливото име „Редскинс“ Read More »

Ѓоковиќ побара на тенисерите да им бидат исплатени трошоците за патување во САД


Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека се бори со сите сили за сите играчи. Имено, раководството на Здружението на тениски професионалци (АТП) одржа онлајн конференција со водечките играчи, а фокусот беше ставен на продолжението на сезоната закажана за 14 август. Турнирите беа запрени во март поради пандемијата од коронавирус, а заради …

Ѓоковиќ побара на тенисерите да им бидат исплатени трошоците за патување во САД Read More »

Како ќе се одбележи Илинден во услови на пандемија


Комисијата за заразни болести е задолжена да изработи протокол за организација на државните настани во земјава во време на пандемија. Вакво задолжение Владата денеска на седница му дала на Министерството за здравство. Владината прес-служба попладнево соопшти дека за време на претстојниот празник Илинден во Крушево ќе оди делегација предводена од претседателот на Собранието, на прославата …

Како ќе се одбележи Илинден во услови на пандемија Read More »

Трамп ги интензивира нападите на Твитер врз медицинскиот персонал


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер повторно го нападна медицинскиот персонал кој се бори против Ковид-19, обвинувајќи ги дека си играат политика и ја отежнуваат економската обнова. Трамп на Твитер сподели објави на одредени конзервативци, но директно не ги коментираше. – Сите лажат. Центарот за контрола и превенција на болести, медиумите, демократите, нашите лекари, …

Трамп ги интензивира нападите на Твитер врз медицинскиот персонал Read More »

Владата ги осуди нападите врз новинарката Тања Милевска, МВР и ЈО итно да ги расчистат бруталните закани


Владата  денес најостро ги осуди нападите со говор на омраза врз новинарката Тања Милевска и врз кој било друг новинар и граѓанин воопшто. Како што соопшти владината прес-служба, Владата цврсто стои зад слободата на говор и слободното новинарство и има нула толеранција за заплашување и закани кон новинарите. -Безбедно известување и слобода на мисла, говор …

Владата ги осуди нападите врз новинарката Тања Милевска, МВР и ЈО итно да ги расчистат бруталните закани Read More »

Франија: 7,6 милијарди евра за подобри плати на медицинскиот персонал


Француската влада и медицинските синдикати денеска потпишаа договор за зголемување на платите на болничкиот персонал, откако беа поздравени како херои за време на епидемијата на коронавирусот, јави ДПА. „Историскиот“ договор ќе вклучува дополнителни 7,6 милијарди евра (8,6 милијарди долари) годишно, изјави министерот за здравство Оливие Веран. – Околу 1,5 милиони работници би добиле нето зголемување …

Франија: 7,6 милијарди евра за подобри плати на медицинскиот персонал Read More »

Усвоени протоколите за плажите и базените – најмногу 15 посетители на 100 метри квадратни


Владата на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Со протоколите на плажите се ограничува бројот на максимум 15 посетители на 100 метри квадратни, како и задолжително носење заштитна опрема на лицето, …

Усвоени протоколите за плажите и базените – најмногу 15 посетители на 100 метри квадратни Read More »