Директорот на ЗОО повикан на разговор во полициска станица поради објава на ФБ


Директорот на Зоолошката градина Ѓорги Галетановски денеска бил повикан на разговор во полициска станица поради објава на неговиот Фејсбук профил.

– Денеска во полициска станица повикано е на разговор лицето Ѓ.Г., кој што од неговиот личен ФБ профил споделил објава која што му била споделена од страна на друг ФБ пријател. По извршениот разговор лицето си заминало, потврдија од Министерството за внатрешни работи за МИА.

Имено, Галетанов со објавата ги повикува граѓаните да ја „шкртнат Северна“ од гласачкото ливче.