Корона вирусот од Србија е посилен од италијанскиот


Претседателот на регионот Венето, Лука Заја, за италијанските медиуми изјави дека видот српски корона вирус е поагресивен од оној кој до сега бил познат во Италија.

Лука Заја рече дека го изолирале вирусот од пациенти кои дошле од Србија.

„Направивме четири теста и забележавме многу силно вирусно оптоварување, вирусите се идентични меѓу себе, но припаѓаат на сосема друг кластер од оној кој до сега е изолиран во Венето и во Италија. До денеска не е можно да се поврзат специфичните мутации со различна патогеност на вирусот, затоа што досегашните остражувања покажаа дека постојат клинички форми поврзани за мутација на вирусот“, рече Заја.

Претседателот на Венето нареди да се тестираат странците во тој регион, дека не е во прашање само геотизација туку и грижа за сите граѓани.

Во Венето се отворија нови жариште токму таму каде има најголема концентрација на луѓе кои дошле од странство.

„Ситуацијата во овој регион во секој случај е стабилна, под контрола, но нас нѐ загрижуваат тие соеви на вирусот кои доаѓаат од странство и затоа ја зајакнавме контролата“, вели Заја.

Тој наведе дека се работи за граѓани кои доаѓаат од Бенин, Србија, Молдавија, Конго и Северна Македонија, пренесе РТС.

„Потребно е Светската здравствена организација да ги идентификува државите кои имаат проблеми, тоа е нешто што одамна го повторувам. Загрижува и тоа што пациентите се сѐ помлади, имаме случај на мајка на 23 години од Камерун со дете од шест години и двајца близнаци на четири години, сите позитивни на вирусот“, рече Заја.

Во овој момент во Венето им двајца пациенти позитивни на вирусот, што вкупно се 144, а на интензивна нега се деветмина, од кои тројца се позитивни на корона, но починати нема.

Венето е еден од дваесетте региони во Италија. Се наоѓа во североисточниот дел на земјата. Главен град е Венеција, а познати градови се и Верона, Падова и Виченца. Венето спаѓа во најголемите и најразвиените италијански покраини.