Во Црна Гора регистрирани уште 400 новозаразени со корона вирус


 

Црногорскиот Институт за јавно здравјје соопшти дека позитивни се околу 400 од 2.000 тестови на корона вирус кои поради зголеменото тестирање се пратени во лабораторија во Германија.

На тој начин, бројот на заразени во Црна Гора, кои со денешните нови 66 случаи изнесува вкупно 963, значително ќе се зголеми, што како што соопшти директорот на ИЈЗ Бобан Мугоша, може да влијае на воведување нови епидемиолошки мерки.

„Според сегашните податоци со кои располагаме нѐ загрижува тоа што повеќе од 20 отсто од примероците кои се пратени на обработка во германија се позитивни, што значи дека ќе дојде до понатамошен пораст и тоа ќе влијае како понатаму де пристапуваме кон епидемијата“, рече Мргоша, пренесе Вијести.

На конференција за новинарите тој објасни дека во Црна Гора тестирани се вкупно 25.000 граѓани или 396,4 на 100.000 жители, поради што црногорските лаборатории ги зголемиле своите капацитети за десет пати, но исто така воспоставена е соработка со една од најголемите лаборатории во Европската Унија, во германија, каде биле пратени 2.000 примероци.

„Резултатите се внесуваат во базата и идните денови кога ќе внесеме контрола на сите резултати ќе моќеме да дадеме точен резултат“, рече Мугоша.

Во Црна Гора во вториот бран корона вирус, кој почна кон средината на јуни, забележани се три пати повеќе заболени отколку во првиот бран. кога од Ковид-19 се разболеа 324 Црногорци.