Босна и Херцеговина регистрира 183 заразени и седум починати


  Според податоците на ентитетските здравствени институции, во БиХ во последните 24 часа регистрирани се 183 случаи од корона вирус, а седум пациенти починале. Во федерацијата тестирани се 527 примероци, а од нив 158 биле позитивни на вирусот. Досега тестирани се 82.716, а Ковид-19 потврден е кај 5.943 лица. До денеска, во Федерацијата оздравеле 2.748 …

Босна и Херцеговина регистрира 183 заразени и седум починати Read More »

Истражување: Пациентите дијабетичари имаат 12 пати поголем ризик да умрат од коронавирус


САД– Во американскиот Центар за контрола на заболувањата и профилактика забележале дека пациентите дијабетичари со коронавирус имаат шест пати повеќе потреба од хоспитализација, додека ризикот за смрт кај нив е зголемен за 12 пати. Според истражување на Калифорниски универзитет од Сан Франциско објавено викендов во медицинскиот портал Медикал експрес, научниците анализирале статистика за смртноста за …

Истражување: Пациентите дијабетичари имаат 12 пати поголем ризик да умрат од коронавирус Read More »

СЗО: Пандемијата се забрзува


Швајцарија– Пандемијата предизвикана од коронавирусот се интензивира во светот, бидејќи во последните шест недели бројот на заболени е речиси двојно зголемен, достигнувајќи 16 милиони, а бројот на умрени надмина 640 илјади, соопшти денеска на брифинг во Женева генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гербејесус. -СЗО има информации за речиси 16 милиони случаи на заразе4ни лица …

СЗО: Пандемијата се забрзува Read More »

Владата досега нема одземено ингеренции на ниедна општина во областа на управувањето со отпадот


  Владата информира дека досега не ги одзела ингеренциите за управување со отпадот на ниту една општина во земјата. Надлежноста и обврските за собирање, селектирање, транспорт и депонирање на комуналниот отпад, како и одржување на нестандардните локации за отстранување на отпадот се на единиците на локалната самоуправа, односно општините. Законот за управување со отпадот ја …

Владата досега нема одземено ингеренции на ниедна општина во областа на управувањето со отпадот Read More »

Жељко Бебек, Дарко Рундек и Амира Медуњанин пред Охрид со концерти на Хераклеа


Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Жељко Бебек ќе настапат во август во Хераклеа, Битола. Зад концертите стои „Авалон продукција“, од каде велат дека се потрудиле да ги исполнат желбите и на битолчаните да им овозможат барем неколку културни настани ова лето, а исто така и на изведувачите коишто ќе настапуваат во Охрид, да настапат и …

Жељко Бебек, Дарко Рундек и Амира Медуњанин пред Охрид со концерти на Хераклеа Read More »

„Јутарњи. хр“: Влатко Стефановски со бесплатен концерт пред ХНК во Загреб


Македонскиот виртуоз за гитара Влатко Стефановски в среда, 29 јули, со почеток во 21 часот, ќе одржи концерт пред загрепското ХНК. Настапот ќе се одржи во склоп на Фестивалот Св. Марк, а влезот на концертот ќе биде слободен, пишува „Јутарњи.хр“. Како што најави музикологот Гордана Крпан, распоредот на концертот носи своевидна компилација од делата на Влатко …

„Јутарњи. хр“: Влатко Стефановски со бесплатен концерт пред ХНК во Загреб Read More »

Почина јапонскиот дизајнер Кансаи Јамамото кој го облекуваше Боуви


Јапонија -Јапонскиот моден дизајнер Кансаи Јамамото почина на 76-годишна возраст, од леукемија. Веста за смртта ја соопшти неговата ќерка денеска. „Тој го напушти овој свет мирно, опкружен од саканите. Во моите очи, мојот татко не беше само електричната и енергична душа што светот ја знаеше, туку и некој со секогаш добра мисла, чисто срце и …

Почина јапонскиот дизајнер Кансаи Јамамото кој го облекуваше Боуви Read More »

Универзална сала станува парк со мала летна сцена


Град Скопје распиша конкурс за идејно-архитектонско решение за мала отворена летна сцена со парк, на местото на Универзална сала во Скопје. Според условите наведени во конкурсот, дизајнот треба да се одликува со функционалност и применливост, односно да се дизајнира простор кој во естетска смисла ќе стане препознатлив белег на градот, односно ќе го облагороди просторот …

Универзална сала станува парк со мала летна сцена Read More »

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење


Скопјани пијат здрава вода за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги спроведе Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.07.2020 до 24.07.2020 зема 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во Град …

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење Read More »

Скок на новозаразените за повеќе од 70 отсто, заседава Советот за безбедност


  Поради тоа што процентот на новозаразени скокна за повеќе од 70 отсто на дневно ниво во Белгија заседава Советот за безбедност. Ова е втор состанок на белгискиот национален Севт за безбедност во последните четири дена, посветен на најбрзорастечкиот бран на епидемијата од Ковид-19 во земјата. Епидемиолозите предупредуваат дека неопходно е заострување на мерките за …

Скок на новозаразените за повеќе од 70 отсто, заседава Советот за безбедност Read More »

Бензините поевтини за половина денар по литар


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто. Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 59,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 …

Бензините поевтини за половина денар по литар Read More »

Дачиќ: Дали дијалогот има смисла ако Приштина вака се однесува


Србија засега ќе биде воздржана и ќе чека на реакција на меѓународната заедница на најавата на Приштина дека ќе ја продолжи кампањата за аплицирање за членство во меѓународни организации, изјави министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ. -Ако нема таква реакција, ако се види дека Приштина аплицира во меѓународните организации, ние ќе продолжиме со нашата акција …

Дачиќ: Дали дијалогот има смисла ако Приштина вака се однесува Read More »

Од утре сончево и многу топло време


Под влијание на многу топла воздушна маса од утре до петок времето ќе биде сончево и многу топло. Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека максималните температури ќе достигнат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени. В петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност. …

Од утре сончево и многу топло време Read More »

На Нов Зеланд прва пресуда за робовладетелство


Судот на Нов Зеланд го осуди на 11 години затвор 66-годишен Џозеф Матамата од Самоа поради робовладетелство. Тој изминатите 24 годиниа ги намамувал жителите на Самоа ветувајќи им добро платена работа, а потоа мигрантите работеле без надомест на неговата фарма и во неговито дом, а ако одбиеле биле претепувани. – Случајот со трговецот на робови …

На Нов Зеланд прва пресуда за робовладетелство Read More »

Од утре предвремена и етапна исплата на пензиите за јули


Исплатата на пензии за јули почнува од утре, информираат од Министерството за труд и социјална политика, од каде додаваат и дека со предвремена и етапна исплата на пензиите, што се реализира последниве четири месеци, се овозможува поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. -Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките …

Од утре предвремена и етапна исплата на пензиите за јули Read More »

Двајца загинаа во сообраќајки, повеќемина повредени


  Пешак и мотоциклист се двете жртви, кои во неделата загинаа в сообраќајни незгоди во Македонија. Имено, пешакот бил прегазен со автомобил на скопската обиколница, а мотоциклистот загинал при судар со автомобил во Радовишко. Во неделата, околу 10.10 часот на автопат Северна обиколница за Скопје, на надвозник за исклучокот за село Кондово, патничко возило „бмв …

Двајца загинаа во сообраќајки, повеќемина повредени Read More »

Германските работодавачи ги одложуваат правилата за заштита од Ковид-19


Шест месеци по почетокот на епидемијата на корона вирусот, во Германија се уште нема унифициран правилник за заштита на вработените. Министерството за труд кон средината на април објави препораки, но се уште не постојат обврзувачки правила на германско ниво, а според весникот „Зидојчеце цајтунг“ за тоа се виновни работодавачите. Одредени здруженија на работодавачи се обидуваат …

Германските работодавачи ги одложуваат правилата за заштита од Ковид-19 Read More »

За заштита на нископлатените и неформални работници ФООМ обезбеди 255.000 долари


Фондацијата Отворено општество – Македонија соопшти дека обезбедиле 255.000 долари поддршка за локалните ромски организации, организациите кои обезбедуваат бесплатна правна помош и организациите за заштита на човековите права, преку Заедничкиот фонд за брз одговор на КОВИД-19 на Фондациите Отворено општество. – Справувањето со економските и социјалните последици предизвикани од здравствената криза ќе биде многу тешко …

За заштита на нископлатените и неформални работници ФООМ обезбеди 255.000 долари Read More »

Алијанса за Албанците и Алтернатива маршираат за демократија


Во знак на револт заради, како што велат, потиснување на правото на слободно гласање, попладнево, од 19 часот, маршираат Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Маршот ќе започне во 19 часот од паркот Чаир во Скопје, потоа ќе помине пред Влада, а планирано е да заврши пред канцелариите на Делегацијата на Европската Унија. „Токму пред …

Алијанса за Албанците и Алтернатива маршираат за демократија Read More »

На Британците им се препорачува помалку да јадат и да слабеат заради ковид


Помошничката на британскиот министер за здравство Хелен Вотли изјави денеска дека Британците мораат помалку да јадат за да ја намалат телесната тежина. Таа смета дека тоа е неопходно бидејќи вишокот килограми го зголемува ризикот од смртни случаи од новиот коронавирус. Според Вотли, оние со индекс на телесна маса од над 40, имаат двојно поголема опасност …

На Британците им се препорачува помалку да јадат и да слабеат заради ковид Read More »