Скок на новозаразените за повеќе од 70 отсто, заседава Советот за безбедност


 

Поради тоа што процентот на новозаразени скокна за повеќе од 70 отсто на дневно ниво во Белгија заседава Советот за безбедност.

Ова е втор состанок на белгискиот национален Севт за безбедност во последните четири дена, посветен на најбрзорастечкиот бран на епидемијата од Ковид-19 во земјата.

Епидемиолозите предупредуваат дека неопходно е заострување на мерките за пандемијата да се стави под контрола, до 1 септември.

Во последната седмица во Белгија просечно се регистрираат 279 нови случаи дневно.

За седум дена починаа 211 пациенти, од кои 47 на одделенијата за интензивна нега, а просечниот број на починати на дневно ниво е два.

Заради зголемениот број заразени со корона вирусот белгиските власти минатата недела воведоа задолжително носење маски во сите затворени јавни простори како и на плажите, кафулињата и рестораните и другите прометни места како пешаки зони и пазари.

Воведена е посебна контрола и задолжителен формулар за сите кои се враќаат од патување во Белгија, додека за граѓаните од другите земји кои влегуваат во белгија неопходен е тест за корона вирус и карантин, односно за некои земји има привемерна забрана за влез во земјата.

Вкупниот број потврдени случаи со Ковид-19 во белгија, од почетокот на пандемијата е 66.026, а починаа 9.821.