Русија: Речиси 550.000 заразени


Бројот на заразени од корона вирус во Русија се приближува до 550.000. Во Русија последните 24 часа се забележани нови 8.248 случаи со Ковид-19, соопшти денеска Кризниот штаб задолжен за борба против корона вирусот. Од Ковид-19 починаа уште 193 пациенти, со што вкупниот број се искачи на 7.284, пренесе Тас. До сега оздравеа 294.306 луѓе, […]

И Швајцарија не е имуна на корона кризата – најголем пад на БДП од 1975, се повеќе невработени…


Швајцарската економија годинава ќе претрпи најголем пад во последните неколку децении, бидејќи пандемијата на коронавирусот тешко ги погоди производството и работните места, соопшти швајцарската Влада, но исто така истакна дека падот ќе биде помал од очекуваниот и ќе изнесува 6,2 проценти. Ова е најголем пад на швајцарскиот БДП од 1975 година, кога земјата беше погодена […]

Дојче Веле: Стартува германската корона-апликација


Воведување на апликацијата за предупредување во случај на зараза од коронавирусот за смартфони во Германија траеше малку подолго отколку во другите земји, информира денеска Дојче Веле. Кина и Јужна Кореа на пример, уште во март започнаа да користат соодветни апликации, додека европските држави, како Франција, тоа го направија на почетокот на јуни. За разлика од […]

Предложени казни од по 2.000 евра за 29 лица кои не го почитувале полицискиот час во Скопје


Основното јавно обвинителство Скопје до судот денеска достави предлози за издавање казни од по 2.000 евра против 29 лица кои го прекршиле полицискиот час. – Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на […]

Зекири излезе од Инфективна, Лукаревска по два негативни теста се враќа на работа


Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, на Фејсбук објави дека ја напуштил Клиниката за инфективни болести и дека со неговото семејство се дома и, како што вели, живи и здрави. И директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, преку Фејсбук соопшти дека по два негативни теста се враќа на работа. Со ФБ-статусот Зекири им се […]

Американски фирми можат да соработуваат со „Хуавеи“ на стандарди за 5Г


Американските компании можат да соработуваат со „Хуавеи“ за да воспостават стандарди за технологии од следната генерација, соопшти Министерството за трговија на САД. „Ова е важна одлука затоа што тоа значи дека американските компании ќе можат да учествуваат во формирањето стандарди, односно дефинирањето на технички детали и правила со кои се уредува работата на критичните технологии“, […]

Преку „МојДДВ“ на граѓаните за девет месеци вратени 10,7 милиони евра


Преку мерката „МојДДВ“ која стартуваше во јули минатата година до март годинава на граѓаните им е извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра. -Од лансирањето на „МојДДВ“ во јули 2019 година до март 2020 година, односно за девет месеци на граѓаните им е извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра, од кои повеќе […]

Џафери го потпиша Решението за распишување на предвремените избори на 15 јули


Претседателот на Собранието, Талат Џафери соопшти дека синоќа го потпишал Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори. Консензуалниот датум на власта и опозицијата, како што наведува Џафери, е 15 јули 2020 година. Според него, овие избори нема да бидат вообичаени зашто нема да има вообичаена изборна кампања, а сите грашани, […]

Полицајци во Њујорк итно во болница: Затруени со избелувач


Тројца полицајци во Њујорк примени се во болница откако им биле послужени шејкови кои наводно содржеле токсична материја во популарен ресторан за брза храна. Полицајците биле задолжени за смирување на протестите. Веста за инцидентот почна да се жири на социјалните медиуми, а подоцна ја потврди и полицијата. Се наведува дека токсичната материја најверојатно е избелувач, […]

Министерот за здравство на Њу Делхи хоспитализиран поради треска


Министерот за здравство на Њу Делхи е примен во болница поради „ненадеен пад на кислородот“ и треска, соопшти неговиот кабинет преку Твитер. Министерот Сатјандар Јаин присуствувал на состанок каде бил и министерот за внатрешни работи Амит Шах и министерот во градската влада Арвинд Кајривал, јави Би Би Си, додавајќи дека кајривал е негативен на Ковид-19, […]

Филипче: Партиите без исклучок да ги почитуваат сите протоколи и мерки во кампањата


Министерот за здравство Венко Филипче, по објавениот датум за избори, упати апел до сите политички чинители за спроведување на целиот изборен процес без загрозување на здравјето на граѓаните. – Во врска со договорениот датум за изборите би сакал да испратам порака до сите политички партии и чинители кои учествуваат во изборниот процес. Барам апсолутно сите […]

Директорката и заменичката на „Гласот на Америка“ поднесоа оставки


  Директорката на „Гласот на Америка“ Аманда Бенет и нејзината заменичка Сенди Шугавара поднесоа оставки во понеделникот. Како причина наведоа дека новоименуваниот директор на Американската агенција за глобални медиуми Мајкл Пек, кој ја надгледува работата на „Глас на Америка“ има право да ги замени со сопствени кадри. Бенет и Шугавара, искусни новинарки, го водеа „Гласот […]

(Интервју) Богојески: И без криминал може да се управува држава


Слободанка Јовановска Фото: Борис Грданоски   Бараме правна држава а Бога молиме да не ја најдеме, вели Петар Богојески од „Македонски концепт“ за одлуката, и покрај уредбата за избори, да се донесе политичка одлука за друг датум за избори. Во интервјуто за „Независен“, ден откако ја почна официјално кампањата, порачува дека на овие избори нема […]

Во изолација уште 860 лица, 199 во самоизолација, а 559 не носеле маски


Во текот на изминатото деноноќие издадени се решенија за изолација на 860 лица, а 199 лица потпишале изјави за самоизолација на територијата на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја […]

Џон Болтон на 23 јуни ги објавува своите мемоари, Трамп вели дека го прекршува законот


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека неговиот поранешен советник за национална безбедност Џон Болтон ќе го прекрши законот доколку ги објави своите мемоари. Обраќајќи им се на новинарите во Белата куќа, Трамп, исто така, кажа дека сите разговори со него биле класифицирани како тајни. Јавниот обвинител Вилијам Бар, на истиот брифинг, додаде дека Болтон […]

СЗО: Секој ден во последните две недели во светот има по 100.000 нови случаи на корона вирус


Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гребрејсус, изјави дека во последните две недели секој ден во светот се регистрираат по повеќе од 100.000 потврдени случаи на корона вирус, претежно во САД и Јужна Азија. На земјите што го спречиле преносот на вирусот тој им порача дека мораат да бидат подготвени на можноста за повторна […]

„Кластерот МВР“ со 41 позитивен и 180 изолирани


Во моментов во МВР има 41 лице позитивно на Ковид-19, а 180 вработени се во самоизолација, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Тони Ангеловски, портпарол на МВР. Тој напомена дека по епидемиолошката анкета констатирано е дека пет лица треба да бидат во самоизлоцаија наредниве 14 дена. -Бројката на заболени е променлива. Во моментов има 41 […]

Ќе се гласа три дена, а на изборниот ден од 7 до 21 часот


Гласањето на парламентарните избори на 15 јули ќе се одвива три дена, а на изборниот ден ќе биде продолжено за два часа и ќе трае од 19 до 21 часот. Според Уредбата со законска сила што ја донесе Владата,  на 13 јули ќе гласаат лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 […]

Метју Вилијамс: Ѕвезда на улична мода ќе стане креативен директор на аристократскиот „Живанши“


Франција – Американскиот дизајнер на улична облека Метју М. Вилијамс беше назначен за нов шеф на аристократската француска модна куќа Живанши. 34-годишниот креатор е втора американска ѕвезда на уличната мода кој ќе води луксузен моден бренд, по неговиот пријател Виргил Аблох, кој дизајнира женска облека за Луј Витон. Како и Аблох, Вилијамс роден во Чикаго, […]

Грција попушти, ги отвори границите со Бугарија и за српските државјани


Грчката Влада доцна синоќа донесе одлука да им дозволи преминување на границата и на српските државјани на границата меѓу Бугарија и Грција. Српските дипломати успеале да ги убедат Грците да го отворат граничниот премин Промаонас, поточно Кулата, за нивните туристи, кои вчера во километарски колони чекаа цел ден. Весникот „Новости“ дознава дека српските туристи веќе […]