Инстаграм го потиснува Твитер, се повеќе станува извор на информации


Апликацијата за споделување фотографии и видеа Инстаграм ќе го престигне Твитер како извор на вести, покажува извештајот „2020 Ројтерс Институт за дигитални вести“ (2020 Reuters Institute Digital News). Во истражувањето се наведува дека употребата на вести на Инстаграм од 2018 година е двојно зголемена. Овој тренд е најсилен меѓу младите. Во извештајот се наведува дека […]

Шест ресторани во Словенија добија Мишелинова ѕвезда


Словенија– По долгогодишни обиди конечно Словенија доби ресторани што имаат Мишелинова ѕвезда, односно највисоко признание за квалитет, јави дописникот на МИА од Љубљана. На специјална церемонија во живо пренесувана од локални медиуми, пет ресторани добија по една, а угостителскиот објект„Хиша Франко“ доби дури две вакви ѕвезди. Коментарите на познавачите се дека во регионот на ниту […]

Само во Чаир има 302 активни случаи на корона вирус, Аеродром 118, Бутел 110


Чаир од скопските општини се уште има најмногу заболени од Ковид-19, односно 302 активни случаи, заклучно со вчерашниот ден. Општина Аеродром пак се искачи на второто место со 118 активни случаи. Повеќе од 100 активни случаи на корона вирус во Скопје имаат уште општините Бутел, Гази Баба и Центар. Листата на активни случаи по општини […]

Деjвид Гер номиниран за нов шеф на делегацијата на ЕУ на местото на Жбогар


Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жосеп Борел денеска го номинираше Дејвид Гер за нов шеф на делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, кој треба да дојде на местото на досегашниот евроамбасадор Самуел Жбогар. Гер во моментот е на чело на Секторот за политика за санкции […]

Горан Бреговиќ осуден за плагијат тежок милион евра


Франција– Босанскиот музичар Горан Бреговиќ е осуден за плагијат. Тој морал да му платил отштета од милион евра на францускиот композитор Енрико Масијас, поради недозволена употреба на неговата музика. Масијас поднел тужба против Бреговиќ пред околу десет години. Тој тврдеше дека Бреговиќ ја користел неговата музика и ја претставил како своја, за потребите во филмот „Сонот […]

По 24 дена, два нови случаи на корона вирус во Нов Зеланд


Нов Зеланд пријави први нови случаи на корона вирус по 24 дена, а се работи за две жени кои пристигнале од Велика Британија за да посетат родител на смртна постела. Тие пристигнале во Нов Зеланд на 7 јуни преку Доха и Бризбен и биле изолирани во Окланд, каде што пред да бидат тестирани, добиле специјална […]

Нови 134 случаи, осум починати – Скопје рекордер со 97 новозаболени


Во последните 24 часа се направени 1.173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на Ковид-19. -Скопје 97 -Куманово 5 -Прилеп 1 -Тетово 11 -Струга 3 -Велес 1 -Битола 1 -Кавадарци 1 -Крушево 2 -Валандово 1 -Кратово 1 -Кичево 2 -Ресен 7 -Неготино 1 На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица […]

Паричен надоместок за лицата што останале без работа од 11 март до 30 април


За да им излеземе во пресрет на сите што имале прекин на работен однос донесовме Уредба што го проширува опфатот на лица кои можат да примаат паричен надомест. Според Уредбата, сите оние кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле […]

Преработувачката индустрија очекува намалување на бројот на вработените


Просечното искористување на капацитетите во оваа индустрија во мај годинава изнесува 65,4 отсто, се вели во најновиот статистички  извештај   Економската состојба на деловните субјекти во преработувачката индустрија е неповолна, а се очекува и бројот на вработените да се намали, соопшти Државниот завод за статистика. Според раководителите на деловните субјекти, обезбеденоста на производството со порачки […]

Дојава за бомба во суд во Словачка, прекинато судење на поранешен градоначалник


Сите судови во Словачка добија дојава за бомба, потврди портпаролката на регионалната полиција за агенцијата ТАСР. Дојава за бомба го прекина судењето на поранешниот градоначалник на општината Марјанка во округот Братислава, Радован Ј., кој е обвинет за корупција, а што се одвива во Специјализираниот кривичен суд во Бањска Бистрица. Ова е трета дојава за бомба […]

Странските инвестиции годинава ќе се намалат на ниво од 2005 година, прогнозира УНКТАД


Директните странски инвестиции ќе се намалат за дури 40 проценти во 2020 година поради пандемијата на коронавирус, а најголем удар ќе претрпат земјите во развој, проценуваат Обединетите нации во најновиот извештај објавен денеска. Странските директни инвестиции ќе се намалат од минатогодишните 1.540 милијарди американски долари под 1.000 милијарди долари, првпат од 2005 година, проценува Конференцијата […]

Словенија: Со денови немаше заразени, денеска тројца


По период без нови случаеви, изминатите неколку денови во Словенија повторно се регистрираат новозаразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. Во последното деноноќие се потврдени три нови случаи. Во истиот период тестирани се вкупно 567 лица. Поради Ковид-19 болнички се лекуваат седум пациенти, а еден е на одделението за интензивна нега. Според Националниот […]

Лекарите на крај на сили, системот може да колабира


Лекарите и медицинските сестри во болниците што го носат главниот товар со епидемијата се жалат  дека се преморени. Иако деновиве добија помош од внатрешноста , и натаму се соочени со долги и стресни дежурства, со тешки случаи и се пополни болници. Покрај тоа што расте бројот на заразении на хоспитализирани лица на Клиниката за инфективни […]

Ѓукановиќ не ја прашува опозицијата кога да организира избори


Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за денеска закажа консултации со партиите за датумот на парламентарните избори, но ниту една опозициска партија, па дури ни Социјалдемократската партија, нема да одговори на неговата покана, пишува подгоричкиот весник „Вијести“. Се очекува по денешните консултации Ѓукановиќ во наредните денови да ги распише парламентарните избори, а некои медиуми, повикувајќи се на […]

Трамп тврди дека Германија должи милијарди на НАТО


Американскиот претседател Доналд Трамп го критикува својот сојузник во Европа, Германија, поради наводни долгови кон НАТО и за Северен тек 2, пренесуваат германските медиуми. Трамп повтори дека има намера да повлече 10.000 американски војници од Германија. – Од Германија веќе со години недостигаат уплати и таа должи милијарди долари на НАТО и тоа мора да […]

Трамп најави трипати поголем предизборен митинг од планораниот


Американскиот претседател Доналд Трамп, кој планира голем предизборен митинг во Тулса, Оклахома, ги отфрли апелите за откажување на митингот поради ризик од Ковид-19 и најави трипати помасовен настан од планираното. – Имаме сала со 22.000 места, но мислам дека ќе ја користиме и соседната конгресна сала, во која можат да бидат сместени 40.000 луѓ“, изјави […]

До крајот на неделата променливо време, попладне со дожд и ветар


Променливо облачно време со локална нестабилност во попладневните часови ќе преовладува до крајот на неделава. Преодно стабилизирање ќе има в петок, а в сабота повторно услови за попладневна нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат високи и ќе се движат од 23 до 33 степени. В петок се очекува умерен до засилен […]

Историчари од поранешна СФРЈ се договорија историјата да не се користи за политички цели


Историската наука ја злоупотребуваа политичарите, медиумите, многу интересни групи, но и самите историчари. Историскиот ревизионизам се применува за да се одржат старите и да се создадат нови митови, да се зајакнуваат стереотипите, да се развивааат предрасудите и омразата кон соседите. Ова е дел од содржината на Декларацијата – Да ја одбраниме историјата, која беше промовирана викендов во […]

Отпуштените работници од „Горење“ ќе бидат вработени во нова фабрика за телевизори


Раководството на кинеската компанија Хисенс која е сопственик на гигантот Горење, објави дека ќе отвори нова фабрика за телевизори каде предност при вработувањето ќе имаат работниците кои ги отпушти поради намалување на производството за време на пандемијата со коронавирусот. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, плановите на Хисенс е производствените капацитети да бидат […]

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за три дена во земјава, од 22 јуни целосно функционална за следење на изборите


За три дена, односно на 19 јуни во земјава пристигнува набљудувачкиот тим на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, кој ќе биде подготвен за работа од 22 јуни, изјави за МИА портпаролката на ОБСЕ/ОДИХР, Катја Андруш. Таа истакна дека ОДИХР ќе распореди Специјална изборна оценувачката мисија во Северна Македонија за предвремените парламентарни избори, кои откако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ […]