Нови 134 случаи, осум починати – Скопје рекордер со 97 новозаболени


Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа се направени 1.173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на Ковид-19.

-Скопје 97
-Куманово 5
-Прилеп 1
-Тетово 11
-Струга 3
-Велес 1
-Битола 1
-Кавадарци 1
-Крушево 2
-Валандово 1
-Кратово 1
-Кичево 2
-Ресен 7
-Неготино 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76г) хоспитализирана на 7 јуни.

Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77г) примен на 6 јуни и пациентка (77г) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68г).

Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67г) и пациентка при прием (71г). Позитивни резултати на Kовид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од:

-Скопје 6
-Куманово 23
-Прилеп 2
-Тетово 1
-Велес 2

Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на Kовид -19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.289, бројката на оздравени пациенти е 1.757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.331.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти, вкупно се хоспитализирани 90. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 25 нови, а вкупно хоспитализирани 120 пациенти. На респираторна машина се 12, a со потешка клиничка слика се 23 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.