Само во Чаир има 302 активни случаи на корона вирус, Аеродром 118, Бутел 110


Фото: Б. Грданоски
Чаир од скопските општини се уште има најмногу заболени од Ковид-19, односно 302 активни случаи, заклучно со вчерашниот ден.
Општина Аеродром пак се искачи на второто место со 118 активни случаи.
Повеќе од 100 активни случаи на корона вирус во Скопје имаат уште општините Бутел, Гази Баба и Центар.
Листата на активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) изгледа вака:
Чаир – 302
Аеродром – 118
Бутел – 110
Гази Баба – 104
Центар – 105
Сарај – 96
Карпош – 94
Кисела Вода – 64
Ѓорче Петров – 53
Студеничани – 52
Шуто Оризари – 40
Арачиново – 33
Илинден – 27
Петровец – 9
Сопиште – 8
Чучер Сандево – 7
Зелениково-1
Странец – 2