Отпуштените работници од „Горење“ ќе бидат вработени во нова фабрика за телевизори


Раководството на кинеската компанија Хисенс која е сопственик на гигантот Горење, објави дека ќе отвори нова фабрика за телевизори каде предност при вработувањето ќе имаат работниците кои ги отпушти поради намалување на производството за време на пандемијата со коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, плановите на Хисенс е производствените капацитети да бидат сместено во објектот на Горење во Велење. Според најавите првите телевизори во новата фабрика треба да почнат да се произведуваат следната година. Предвидено е првично да се вработат 350 луѓе кои би произведувале над четири милиони телевизори годишно.

Сите оние работници кои веќе добија откази од Горење, сега ќе имаат предност при вработувањето, а компанијата ќе има даде и посебни писма со препорака.

Отказите во Горење предизвикаа голем број реакции и протести. Најголем дел од отпуштените се жители на Велење, Шоштањ и околните места, па затоа на случувањата во компанијата се гледаше како на голем социјален удар врз регионот.