„Кластерот МВР“ со 41 позитивен и 180 изолирани


Во моментов во МВР има 41 лице позитивно на Ковид-19, а 180 вработени се во самоизолација, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Тој напомена дека по епидемиолошката анкета констатирано е дека пет лица треба да бидат во самоизлоцаија наредниве 14 дена.

-Бројката на заболени е променлива. Во моментов има 41 лице позитивно на Ковид-19, а 180 вработени се во самоизолација. Постојано ги спроведуваме препорачаните мерки, додаде Ангеловски.