Полицајци во Њујорк итно во болница: Затруени со избелувач


Тројца полицајци во Њујорк примени се во болница откако им биле послужени шејкови кои наводно содржеле токсична материја во популарен ресторан за брза храна.
Полицајците биле задолжени за смирување на протестите.
Веста за инцидентот почна да се жири на социјалните медиуми, а подоцна ја потврди и полицијата.
Се наведува дека токсичната материја најверојатно е избелувач, турен во нивните пијалоци.
Претседателот на единицата ДЕА, Пол Диџакомо вели дека еден или повеќе работници во ресторанот намерно ги затрул полицајците и сега тие се во болница.