Русија: Речиси 550.000 заразени


Бројот на заразени од корона вирус во Русија се приближува до 550.000.
Во Русија последните 24 часа се забележани нови 8.248 случаи со Ковид-19, соопшти денеска Кризниот штаб задолжен за борба против корона вирусот.
Од Ковид-19 починаа уште 193 пациенти, со што вкупниот број се искачи на 7.284, пренесе Тас.
До сега оздравеа 294.306 луѓе, што е 54 отсто од вкупниот број инфекции во Русија, наведе Кризниот штаб.