Министерот за здравство на Њу Делхи хоспитализиран поради треска


Министерот за здравство на Њу Делхи е примен во болница поради „ненадеен пад на кислородот“ и треска, соопшти неговиот кабинет преку Твитер.

Министерот Сатјандар Јаин присуствувал на состанок каде бил и министерот за внатрешни работи Амит Шах и министерот во градската влада Арвинд Кајривал, јави Би Би Си, додавајќи дека кајривал е негативен на Ковид-19, а резултатите на Шах се чекаат.

Со повеќе од 40.000 потврдени случаи, Њу Делхи е една од најпогодените области од епидемијата во Индија.