Евростат: Хрватска на врвот во ЕУ по број на привремено вработени


Хрватска– Хрватска е на врвот на европските земји во однос на бројот на привремено вработени работници, покажа ново истражување на Евростат за 2019 година. Дури 18 проценти од Хрватите во вкупниот број на вработени работат „на определен рок“, односно работат со договор за привремен работен однос, сезонски или преку агенција за вработување. Уделот на привремените работници […]

Во Скопје 1.593 активни случаи со Ковид-19, најмногу во Чаир


Во земјава се активни 2.735 случаи на Ковид-19, вкупно од почетокот на епидемијата досега беа регистрирани 4.820 заболени, а починаа 222 лица. Најмногу активни случаи има во Скопје, односно 1.593. По општини во главниот град заклучно со вчера најмногу има во  Чаир – 352, Аеродром – 127, Бутел – 117, Гази Баба – 128, Центар […]

Во Шпанија, уште повеќе од 1.000 луѓе починале од Ковид-19 по ажурирањето на податоците


Шпанија – Шпанија денеска додаде над илјада смртни случаи од коронавирусот на претходно објавениот број по првото ажурирање на податоците по речиси две недели. Претходно беше објавено дека до 7 јуни од Ковид-19 починале 27.111 луѓе. Денеска, по ажурирањето на податоците, вкупниот број на починати изнесува 28.313. Од почетокот на пандемијата во Шпанија се заразиле повеќе […]

Денеска 156 нови случаи од корона, шестмина починати


Во последните 24 часа се направени 1.227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на Ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Скопје – 100 Куманово – 11 Дебар – 1 Штип – 6 Прилеп – 1 Тетово – 19 Струга – 2 Велес – 6 Битола – 1 Охрид – 1 Кавадарци – 1 […]

Манчевски: Нема повеќе граѓани да чекаат, а да нема кој да ги услужи


  Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска го промовираше новиот изглед и начин на работа на салата „Една точка за услуги“, во Скопје. Како што истакна министерот Манчевски просторот е целосно модернизиран и следи најнови стандарди за тоа како функционира еден простор сервисно ориентиран кон граѓаните. Но, тоа што е значајно да […]

Во Дебар од 5 јуни, 12 новозаразени


Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука на денешната-прес конференција, одржана по средбата со општинскиот Оперативен штаб со кој раководи тој, епидемиолошката состтојба ја оцени како алармантна. – Според информациите добиени од единицата за јавно здравје, состојбата со Ковид-19 ја оценивме како алармантна затоа што имаме голем број на ифицирани, а според пороценките на надлежните се очекува […]

На 92 години почина Џин Кенеди-Смит, последната од браќата и сестрите на Џон Кенеди


Џин Кенеди-Смит, последната преживеана од браќата и сестрите на убиениот претседател Џон Ф. Кенеди, која како американски амбасадор во Ирска во 1990-тите играше клучна улога во мировниот процес во Северна Ирска, почина во средата на 92-годишна возраст. Кенеди-Смит почина во нејзиниот дом во Менхетен, изјави нејзината ќерка Ким за Ројтерс, одбивајќи да даде причина за […]

Филипче: Може да се справиме со напливот на пациенти


Имаме капацитет да се справиме со напливот на пациенти и има доволно слободни кревети за нивната интензивна нега, особено што од идната недела на голем дел ќе им заврши периодот од три недели и ќе почне да се испишуваат, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Во изјава за медиумите при днешниот престој во Прилеп, тој […]

Армијата помага во расчистувањето по невремето во Долна Преспа


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ги посети припадниците на Армијата кои помагаат во санирање на последиците од невремето во реонот на Долна Преспа, селото Брајчино и околината. – Нашата Армија не е тука само кога се работи за вонредни состојби, туку ја нуди својата поддршка и ја дава поддршката и во различни кризи, но […]

Падната карпа тешка неколку тони оштети куќа во Делчево


Огромна карпа тешка неколку тони, направи голема штета на куќниот имот на семејството Димитровски во Делчево. Поради невреме и можен удар од гром, карпата која паднала од камениот рид над куќата на делчевецот Стоил Димитровски, најпрвин удрила во близина на детската соба каде спиеле трите дечиња на синот и снаата на Димитровски. -Отспротива во детската […]

Нови штедливи чешми на тастер во Аеродром


На 30 локации во Општина Аеродром се поставуваат нови чешми за пиење вода. – Новите чешми се со посовремен дизајн, со горен и долен сливник, со временски потисен вентил (тастер) и со автоматска деактивација до 10 секунди. Со поставувањето на новите чешми ќе се постигне значителна заштеда на вода – велат од Општината.

Петров: Кампања со средби на отворено со 50 луѓе


Во услови на глобална пандемија на корона вирусот и борбата со опасниот и непредвидлив непријател, од владејачката СДСМ уверуваат дека ќе одржат безбедна кампања и 100-процентно безбедно гласање на 15 јули Коста Петров, потпретседател на СДСМ, на прес-конференција рече дека  кампањата ќе биде без митинзи, големи собири, а сите потенцијално ризични настани ќе бидат заменети […]

Хрватска бележи нови 11 случаи од Ковид-19


Во последните 24 часа се евидентирани единаесет нови случаи на корона вирус во Хрватска. Досега се регистрирани вкупно 2.280 позитивни лица на вирусот Ковид-19. Новозаразените лица се од Загреб и околината и Сплитско-далматинската Жупанија. Досега закрепнале 2.142 лица, а 107 лица починале. Нема пациенти на респиратор, а осум лица се лекуваат во болница. Досега се […]

Операторите најавија времен прекин на телевизиските програми


Македонските оператори денеска соопштија дека од 21 јуни (недела) времено ќе го прекинат реемитувањето на сите ТВ програми, освен на МРТВ, во знак на протест поради, како што посочуваат, наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги. – Ја информираме јавноста дека сме принудени да почнеме со времени прекини во реемитувањето на сите […]

Корона вирусот бил присутен во Италија во декември, открива студија за отпадни води


Научниците во Италија пронашле траги од корона вирусот во отпадните води собрани од Милано и Торино во декември 2019 година, што  сугерира дека Ковид-19 веќе циркулирал во северна Италија пред Кина да ги објави првите случаи. Италијанскиот национален институт за здравство (ИСС) испитал 40 примероци од пречистителна станица за отпадни води во северна Италија помеѓу […]

Коалицијата „Сите за правично судење“ со свои забелешки за неправилностите во случајот „Рекет“


Коалицијата „Сите за правично судење, денеска, еден ден по изрекувањето на пресудите за обвинетите Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева, објави студија од своето набљудување на процесот, во која изнесува низа неправилности. Коалицијата ја спори квалификацијата на делото, нееднаквиот пристап на одраната и на обвинтелството до доказите, за вештачењето на телефонот на Боки […]

Законот за буџети во финална фаза


 Предлог-законот за буџет е во процес на финализирање, согласно консултациите со Светска банка, ММФ и ЕУ, информира министерката за финансии Нина Ангеловска, по денешната четврта седница на Советот за управување со јавни финансии. Ангеловска, информираат од нејзиниот кабинет, претседавала со седницата на Советот, кое е координативно тело на Владата за следење на спроведувањето на реформите […]

МВР не сака да влегува без налог на семејни слави


Без налог од Јавното обвинителство МВР не може да влегува во приватни објекти и да интервенира околу семејни слави, порача денес министерот за внтрешни работи Наќе Чулев. – ОЈО во одредени случаи ни дава такви налози, а во други не ни ги издава, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес во Битола запрашан што […]

Спасовски: Политичарите во кампањата да испратат порака дека се почитуваат мерките


Има начини во време на пандемија што може да се искористат за да им се доближиме на гласачите. Нема да има митинзи, а најважно е политичарите да ја пратат пораката дека се почитувата мерките, рече премиерот Оливер Спасовски при денешниот престој во Пирлеп одговарајќи на прашањето како ќе се одвива изборната кампања и ќе се […]

Милевски: Се инвестира во регионален пат во Орман и мултифункционално игралиште во Кондово


Започна со градба на регионален пат од село Орман до Општина Чучер Сандево за унапредување на руралниот развој во овој регион. Министерството за локална самоуправа за патот инвестира 3 милиони денари а ќе биде реализиран преку Центарот за развој на Скопски плански регион. Денеска на терен извршија увид министерот Милевски и градоначалникот Наумоски, како и […]