МВР не сака да влегува без налог на семејни слави


Фото: Б. Грданоски

Без налог од Јавното обвинителство МВР не може да влегува во приватни објекти и да интервенира околу семејни слави, порача денес министерот за внтрешни работи Наќе Чулев.

– ОЈО во одредени случаи ни дава такви налози, а во други не ни ги издава, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес во Битола запрашан што МВР презема за да се запрат семејните прослави од кои излегоа повеќе кластери со заболени до коронавирус во земјава.

Но, тој посочи дека се врши препознавање на лицата отпосле.

 

-Во ситуација кога не може да се дејствува веднаш вршиме препознавање на лицата и потоа се повикуваат во полициска станица и им се поднесува соодветен поднесок до Јавното обвинителство. Неопходно е граѓаните сами да бидат свесни и да носат заштита опрема зашто со доаѓањето на изборите претпоставувам дека сите тие мерки уште повеќе ќе бидат олабавени, најверојатно ќе се отворат границите од следната недела и граѓаните сами треба да бидат свесни за ризикот од заразата, рече Чулев.