Денеска 156 нови случаи од корона, шестмина починати


Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа се направени 1.227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на Ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Скопје – 100
Куманово – 11
Дебар – 1
Штип – 6
Прилеп – 1
Тетово – 19
Струга – 2
Велес – 6
Битола – 1
Охрид – 1
Кавадарци – 1
Гостивар – 1
Гевгелија – 1
Кочани – 3
Кратово – 1
Свети Николе – 1

Починати се шест лица, четворица пациенти од Скопје и двајца од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16 јуни и пациентка на 76 години, од 10 јуни на клиниката.

На Клиниката за нефрологија почината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почината е пациентка од Скопје исто така на возраст од 74 години.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14 јуни. Во КБ Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти.

Скопје – 10
Штип – 3
Тетово – 10
Велес – 1
Битола – 1
Неготино – 2

Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на Ковид -19. Во рамките на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, нема позитивен резултат на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.820, бројката на оздравени пациенти е 1.863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.735.