(Во живо) Прес на министерот Филипче


Откако деновиве почна да се зголемува бројот на новозаболени и починати лица од Ковид-19, министерот за здравство Венко Филипче, денеска во 15 часот закажа прес-конференција. Што ќе порача министерот за здравство, дали ќе предложи нови рестриктивни мерки, може да погледнете во живо:

Во Германија 333 нови инфекции и 11 починати


Германија забележа 333 потврдени нови инфекции и 11 нови смртни случаи поврзани со Ковид-19, соопшти телото за контрола на болести во понеделникот. Според Институтот „Роберт Кох“, во Германија има забележано вкупно 181.815 лица заразени со вирусот од избувнувањето на пандемијата и 8.511 смртни случаи. Репродукцискиот број (Р), што покажува колку нови случаи во просек генерира […]

Од денеска шест меѓуградски линии преку Автобуската станица во Прилеп


Со заштитни мерки, според прописи и инспекциска контрола, од денеска се во функција шест линии во меѓуградскиор сообраќај преку прилепската автобуска станица. Според раководителот на Автобуската станица Петар Размоски, од 26 мај имаше две линии, од денеска се шест и се применувата сите мерки, а инспекцијата е редовна. -Од 6 часот наутро има автобуска линија […]

Тројца заболени во старски дом во Скопје


Тројца заболени од новиот корона вирус, покажа скринингот на геронтолошките центри во земјава денеска. Како што соопшти Министерството за здравство, од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се три […]

Отворена Капали чаршија во Истанбул


За прв пат по два месеци 550-годишната Капали чаршија во Истанбул ги отвори своите врати во понеделникот, бидејќи градовите низ цела Турција се подготвија да ги олеснат ограничувањата наметнати за контрола на кризата од Ковид-19. На кафеаните, рестораните, јавните згради, спортските објекти, центрите за згрижување деца, парковите и плажите им беше дозволено повторно да се […]

Пецас: Грција ќе ги покрива трошоците за карантин за евентуалните позитивни случаи на Ковид-19 кај туристите


Грција– Доколку се појави позитивен случај кај турист додека престојува на одмор во Грција, ќе биде сместен во хотел карантин, а трошокот ќе биде на товар на државата, соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Пецас рече дека во следниот период, како што […]

Заев: Петти јули е денот на изборите


Петти јули е денот на изборите, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, според кого, до тогаш партиите имаат 35 дена да се подготват. Изборите би се одржале 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, која претседателот Стево Пендаровски ја прогласи поради спроведување на економските мерки, додаде Заев. – Токму заради заштита на здравјето на […]

Директорот на „Службен весник“ во самоизолација, бил во контакт со Лукаревска


Директорот на „Службен весник“ Мартин Костовски предмалку на својот Фејсбук профил објави дека ќе биде во 14-дневна самоизолација поради контакт со директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. – И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас пред еден час направив тест за вирусот КОВИД […]

35 од новозаразените се од Скопје, 27 се од Штип


Осумдесет и девет нови случаи на заразени со коронавирусот се регистрирани во изминатите 24 часа, од кои најголемиот број се од Скопје – 35 случаи. Висока бројка на заразени денеска има и во Штип – 27, во Куманово има 12, во Прилеп еден, во Тетово седум, во Гостивар еден, во Струмица еден, во Кочани четири и во […]

Во Tетовско 86 казни по 20 евра за неносење маски


Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, 86 лица во Tетовско добиле прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Во содејство со Државниот пазарен инспекторат, биле контролирани 18 угостителски објекти. -Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните целосно да ја почитуваат владината Уредба за носење […]

Вонинституционалната културна сцена бара финансиска поддршка заради кризата


Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на уметници и други физички лица кои самостојно вршат дејности и други активности во областа на културата за време на вонредна состојба, излезе во Службен весник на Република Северна Македонија, на 28 мај 2020, четврток (Број 139 28 година LXXVI). Како што денеска соопштија од Иницијативтаа „КУЛТУРА Е […]

Велика Британија од денеска го забранува сексот со лице од друго семејство и надвор од домот


Во Парламентот на Велика Британија денеска ќе биде претставен нов закон со кој се забранува каков било контакт, на јавни и приватни места, меѓу две лица кои не живеат заедно. Ова е по барање на здравствените власти, како нова мерка за изолација на  корона вирусот, што сѐ уште е во сила. Според тамошните медиуми, ова […]

Нови 89 случаи на заразени со Ковид-19, починати седум лица


Во земјава денеска се регистрирани нови 89 позитивни случаи на корона вирус. Од Институтот за јавно здравје, за МИА наведоа дека во изминатото деноноќие починале седум лица инфицирани со Ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи прес-конференција во 15 часот за најновите информации со ситуацијата со Ковид-19.  

Арсовски за политичките пресметки преку МВР: Попрво ќе падне Чулев, отколку Владата


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денес порача дека дека датумот за избори е завршена работа и ќе се одржат на 5 јули, бидејќи е неодговорно да се остави државата без парламент и со техничка влада во која опозицијата е настроена деструктивно. Со изјавата Заев директно ја посочи техничката влада како причина зошто сака брзи избори, […]

Од полноќ бензините поевтини за половина денар


За половина денар од полноќ се намалува цената на нафтените деривати, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Тоа значи дека во следниот седумдневен период ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 57 денари за литар, ЕУРОСУПЕР 98 по цена од 59 денари за литар, а новата цена на дизелот ќе биде 49 денари за […]

3Д Принт медицинска опрема донира 50 визири на Националната галерија


Ентузијастите кои откако почна пандемијата со корона вирусот, печатат визири и бесплатно ги делат на медицинскиот персонал во земјава, донираа 50 визири и за културните работници. „Светов се уште е под опсада во неизвесност до кога ќе трае пандемијата од вирусот Ковид – 19. Постојано се пренесуваат непријатни вести за заболени и жртви од оваа […]

Полицајци во САД клекнаа пред демонстрантите за убиениот Флојд


Полицајци од Соединетите Американски Држави искажаа солидарност со демонстрантите кои протестираа поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина откако нивни колега во Минесота речиси девет миути со нога му го притискаше вратот, пренесуваат странските агенции. На социјалните мрежи се прикажани снимки и фотографии на кои се гледа како полицајци, со маски на лицето, клечат […]

Административен работник во ДСЗИ позитивен на Ковид-19


Во Државниот санитарен инспекторат е потврден еден позитивен случај на заболено лице од Ковид-19, соопштија за МИА извори од ДСЗИ, посочувајќи дека станува збор за административен работник. Изворите наведуваат дека е направена епидемиолошка анкета, по што тројца административни работници од Инспекторатот и еден инспектор се ставени во самоизолација. Дополнително, лицето кое е позитивно на вирусот […]

Заев: Спасовски повторно тестиран за корона вирус


Премиерот Оливер Спасовски утринава повторно беше тестиран за присуство на корона вирус, откако кај директорката на УЈП, Сања Лукаревска, беше потврдено присуство на вирусот, а премиерот, вчњра одржа прес-конференција заедно со неа. Претседателот на СДСМ Зоран Заев потврди декаа Сања Лукаревска и Мухамед Зекири се позитивни на коронавирусот. Тој рече дека во само изолација се […]

Парадоксално или не – изборите се единствено решение


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Системот на техничката влада, кој како така функционираше на почетокот од кризата. почна да се крши. Техничката влада, создадена за една намена, стана дисфункционална за кризната задача. Ситуацијата станува неиздржлива за државата и таа сега може да се разреши само преку избори   Понекогаш, во рок од само два месеци треба да се […]