Тројца заболени во старски дом во Скопје


Тројца заболени од новиот корона вирус, покажа скринингот на геронтолошките центри во земјава денеска.

Како што соопшти Министерството за здравство, од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.

Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се три позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.

Претходно, минатата недела имаше информација дека една хигиеничарка во старски дом е позитивна на корона вирус, но подоцна се покажа дека тоа не е точно.

Другите земји кои се борат со пандемијата од корона вирусот, мака мачат со оваа болест која влезе во старските домови. Имено, штитениците се подложни на болеста и често завршуваат летално. Дополнително, вработените во старски домови во Шпанија, Британија, Шведска, но и во други земји, ги напуштаа домовите каде ќе се појавеше болеста, со што ги оставаа старите без потребната нега. Во Шведска, дури има беше наредено да не ги носат заболените стари луѓе во болница доколку заболат од Ковид-19, туку да ги лекуваат во домот.

Тоа доведе до огромна бројка на смртност кај старите луѓе – штитеници на геронтолошките домови.

Досега кај нас се направени вкупно 30.302 тестирања на Ковид-19.