Во Германија 333 нови инфекции и 11 починати


Германија забележа 333 потврдени нови инфекции и 11 нови смртни случаи поврзани со Ковид-19, соопшти телото за контрола на болести во понеделникот. Според Институтот „Роберт Кох“, во Германија има забележано вкупно 181.815 лица заразени со вирусот од избувнувањето на пандемијата и 8.511 смртни случаи.

Репродукцискиот број (Р), што покажува колку нови случаи во просек генерира заразено лице, се искачи на 1,04 во недела, останувајќи над критичниот праг втор ден по ред.

Институтот „Роберт Кох“ предупреди дека Р е со поголема веројатност да се менува додека вкупниот број на нови инфекции е мал, а најновиот пораст може да биде поврзан со појава на вирус во градот Гетинген, во Долна Саксонија.

Најмалку 36 лица биле тестирани позитивно, а повеќе од 150 биле ставени во карантин, откако здравствените власти во градот поврзале појава на голем број приватни забави и нелегално отворен шиш-бар.