Заев: Спасовски повторно тестиран за корона вирус


Премиерот Оливер Спасовски утринава повторно беше тестиран за присуство на корона вирус, откако кај директорката на УЈП, Сања Лукаревска, беше потврдено присуство на вирусот, а премиерот, вчњра одржа прес-конференција заедно со неа.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев потврди декаа Сања Лукаревска и Мухамед Зекири се позитивни на коронавирусот.

Тој рече дека во само изолација се и Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Маријан Забрчанац и Славјанка Петровска кои имале контакти со заболените.

-Утринава беше тестиран и премиерот Оливер Спасовски и се чекаат резултати кои јавно ќе бидат објавени штом бидат готови, а какви и да бидат одлуките и препораките на експертите тие ќе бидат почитувани- рече Заев.

Заев потенцираше дека во СДСМ се почитуваат сите протоколи за заштита од корона вирусот.

Претходно Спасовски беше тестиран за корона вирус, кога присуствуваше на состанокот на Кризниот штаб во Куманово, а градоначалникот Максим Димитриевски, подоцна објави дека е позитивен на тестот.