На протестите во Њујорк уапсена ќерката на градоначалникот Бил де Бласио


Ќерката на градоначалникот на Њујорк, Кијара де Бласио, во саботата била уапсена за време на протестот против полициската бруталност против афроамериканците, јави Си-Ен-Ен. Ќерка на градоначалникот Бил де Бласио, била уапсена затоа што се нашла меѓу демонстрантите на кои им било забрането собирањето. Таа набрзо била и ослободена. Во многу американски градови е воведен полициски […]

Заев: Во изминатите три години постигнавме две стратешки цели: Станавме 30 членка на НАТО и имаме датум за преговори


Точно пред три години беше формирана Владата предводена од СДСМ на чие чело застана лидерот на партијата Зоран Заев. Тој денеска на прес-конференција реферираше за она што е направено. Заев, кој поднесе оставка поради формирање на техничката Владата пред повеќе месеци, истакна дека земјата исполни две од стратешките определби. -Станавме 30 земја – членка на […]

Затворени државните институции во повеќе градови во Калифорнија


Во Калифорнија од денеска е во сила директива за затворање на канцелариите на сите државни и градски институции, почнувајќи од тие за регистрација на возила, па се до канцелариите за издавање работни дозволи или за давање здравствена заштита. Според писмото-директива од Министерството за правда, ќе бидат затворени канцелариите на државните обвинители во Сакраменто, Оукланд, Сан […]

Дуковски во „Рекет“: Обвинителството не покажа докази за делото за кое се товари Бојан Јовановски


За случајот „Рекет” видовме сè и сешто, но обвинителството не покажа докази за делото за кое се товари обвинетиот Бојан Јовановски, изјави во завршен збор неговиот адвокат Сашко Дуковски. Целата постапка, според Дуковски, се водела со селекција на докази од обвинителството, со не давање на увид изјави на сведоци од пред обвинителство, со нецелосни и […]

Џафери: Не може во недоглед да живееме во вонредна состојба


Партиските лидери мора да покажат одговорност за излезно решение, бидејќи не може државата да продолжи со постојана вонредна состојба, изјави денеска собранскиот спикер Талат Џафери во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“. „Во однос на актуелната состојба, знаете дека сум кажал дека не смееме да се зачудиме ако дојдеме во ситуација да и во вонредна […]

„Визер“ воведува авиолинија Скопје – Салцбург


Унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер“ соопшти дека од 3 јули ќе воведе авионска линија од Скопје кон Салцбург и обратно. „Визер“ информира дека авионите на оваа линија ќе сообраќаат двапати неделно. Како што објавии СЕЕ Њуз, Ова авиокомпанија го поврзува Скопје со Белгија, Велика Британија, Германија, Данска, Италија, Кипар, Малта, Норвешка, Словачка, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, […]

Директорката на УЈП Лукаревска е позитивна на корона вирус


Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска е позитивна на Ковид-19. Лукаревска, денеска, на својот Фејсбук профил објави дека се тестирала поради работните состаноци кои ги имала со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири,, кој вчера објави дека има корона вирус. „Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна […]

Во самоизолација и директорот на Финансиска полиција


Директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми е во самоизолација, поради тоа што бил во контакт со пратеникот од СДСМ, Мухамет Зекири. -Би сакал да ве информирам дека деновиве имав средба со г.Мухамет Зекири пред да излезе позитив на тестирањето на Ковид 19. Од тие причини истиот ден одлучив да се самоизолирам согласно сите протоколи препорачани […]

Повеќе од едно на секои шест млади лица останало без работа поради Кoвид-19


Повеќе од едно на секои шест млади лица престанало да работи по започнувањето на пандемијата на Ковид-19, додека, пак, работното време на оние што останале вработени било намалено за 23 проценти, покажуваат податоците на Меѓународната организација на трудот (МОТ). Младите луѓе се несразмерно погодени од пандемијата, а значителното и брзото зголемување на невработеноста кај младите […]

Протестите се можеби последниот удар за глобалното лидерство на САД


Протестите што се шират низ американските градови може да направат непоправлива штета на глобалната позиција на Америка. Нејзината моќ слабее под претседателот Доналд Трамп, но овие граѓански немири ќе го отежнат враќањето на морално високиот терен. Губењето доаѓа со голема цена. Стравот од распаѓањето на американската демократијата во истата тиранија против која првично се побунија […]

МТСП: Хронично болните, бремените и родителите на деца помали од 10 години остануваат ослободени од работа


Министерството за труд и социјална политика информира дека хронично болните лица, родителите на дете до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои користат дневен центар, лицата кои одат на работа со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и […]

Судско рочиште за „Шпански скали“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот „Шпански скали“ во кој се обвинети поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и други 10-тина службеници, меѓу кои нотари и бизнисмени. Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска – Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, […]

(Видео) Осум минути и 46 секунди: Како Џорџ Флојд беше убиен од полицијата во Минеаполис


Весникот „Њујорк тајмс“ ја реконструираше смртта на Џорџ Флојд што се случи на 25 мај во Минеаполис, САД, кога овој Афроамериканец беше приведуван од страна на полицијата. Снимките од безбедносните камери, видеата на сведоци и официјалните документи покажуваат како серијата активности од страна на полицајците станале фатални. Смртта на Флојд предизвика бран протести и насилство […]

Насилните протести ги затворија продавниците ширум САД


Американските веледрогерии и трговци на мало затворија некои од своите продавници низ целата земја поради немирите предизивкани од протестите по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд за време на минатонеделната брутална полициска интервенција. Компаниите „Таргет“, „ЦВС“, „Епл“ и „Валмарт“ соопштија дека од безбедносни причини привремено ги затвориле своите продавници или го ограничиле работното време во нив, […]

Пехчево доби свои регистарски таблички


Возачите од Пехчево добија сопствени регистарски таблички. Сите новорегистрирани автомобили, наместо досегашната ознака „БЕ“ отсега ќе имаат сопствената ознака „ПЕ“ испишана на латиница (PE). Градоначалникот Драган Тренчовски изјави дека му е чест и задоволство што со граѓаните ја споделува информацијата дека е целосно завршена процедурата за добивање сопствени регистарски таблички на Општина Пехчево. -Одлуката е […]

Бес и болка: како американските весници ги покриваат протестите за Џорџ Флојд


Лутите редакциски коментари повикуваат на промена и одговорност и го обвинуваат Доналд Трамп дека е „точно погрешниот лидер за ова време“   Насловните страници на американските весници во текот на изминатите неколку дена раскажуваат за двојната трагедија на нацијата, потресена од протести за смртта на Џорџ Флојд и растечкиот број на жртви од корона вирусот. […]

ЈСП го укина бесплатното возење за постари лица


Од утре, вторник (2.06.2020 год) нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела. ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19.

Стоматолозите бараат информации за заболени од Ковид-19 за да се заштитат


Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување на сите матични стоматолози да им доставуваат секојдневно листа со лицата позитивни на вирусот и тие во самоизолација, а се регистрирани како матични пациенти во таа ординација. Вакви се барањата на стоматолозите од Тетово кои потенцираат дека така ќе можат да се заштитат самите и сите останати […]

Ерменскиот премиер заразен од корона вирус


Ерменскиот премиер Никол Пашинин денеска соопшти дека се тестирал и е позитивен на корона вирусот. Веста тој ја соопшти зборувајќи во живо на Фејсбук. -Немав никакви симптоми, решив да направам тест, бидејќи планирав да ја посетам линијата на фронтот, кажа Пашинин, додавајќи дека целото негово семејство е заразено, јавија британските медиуми. Ерменија, во која живеат […]

МВР се разбуди, казнети 585 за неносење маски


Изминатото деноноќие полицијата регистрирала 585 прекршоци за неносење заштита на лице. На територијата на државата на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 потпишале изјави за самоизолација. Како што соопшти МВР, при контролите не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Од СДСМ и утрово го обвинија […]