МВР се разбуди, казнети 585 за неносење маски


ФОто: Б. Грданоски

Изминатото деноноќие полицијата регистрирала 585 прекршоци за неносење заштита на лице. На територијата на државата на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 потпишале изјави за самоизолација.

Како што соопшти МВР, при контролите не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Од СДСМ и утрово го обвинија министерот Наќе Чулев дека е одговорен за зголемениот број на разболени , тврдејќи дека тоа е последица на неговите саботажи и крајно неодговорното однесување кое е во прилог на политиката на ВМРО-ДПМНЕ.
-Нoвозаразените дошле во допир со коронавирусот во време кога не беа олабавени мерките, кога полицијата по налог на Чулев не ги казнуваше несовесните граѓани, кои го загрозуваат јавното здравје. Полицијата предводена од Чулев не ги казнува лицата кои не почитуваат самоизолација, не ги казни оние од литијата во Струга, навивачите пред црквата Свети Спас, учесниците во орото во Чаир, граѓание кои не носат маски и не почитуваат дистанца…Чулев, наместо да ги заштитува граѓаните, го неговиот шеф Мицкоски кој и самиот ги прекршуваше мерките и задолженијата, стои во реакцијата на владеечката партија, која гледа излез од ситуацијата само со нови избори, бидејќи се соочува со кочници и опструкции од опозицијата во спроведувањето на здравствената политика.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак одговорија дека Комисијата за заразни болести попуштила под политичките притисоци од СДСМ и дека желбата за лажно претставување на ситуацијата заради организирање предвремени парламентарни избори резултирала со енормно зголемување на бројот на новозаболени и починати.