Судско рочиште за „Шпански скали“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот „Шпански скали“ во кој се обвинети поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и други 10-тина службеници, меѓу кои нотари и бизнисмени.

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска – Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје, ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.