Директорката на УЈП Лукаревска е позитивна на корона вирус


Фото: Б. Грданоски

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска е позитивна на Ковид-19.

Лукаревска, денеска, на својот Фејсбук профил објави дека се тестирала поради работните состаноци кои ги имала со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири,, кој вчера објави дека има корона вирус.

„Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција“, напиша Лукаревска.

Од денеска, во самоизолација поради контакт со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири кој вчера објави дека има коронавирус, се министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска. Исто така во изолација е и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, потоа советникот во Владата Марјан Забрчанец, како и директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми.