На протестите во Њујорк уапсена ќерката на градоначалникот Бил де Бласио


Ќерката на градоначалникот на Њујорк, Кијара де Бласио, во саботата била уапсена за време на протестот против полициската бруталност против афроамериканците, јави Си-Ен-Ен.

Ќерка на градоначалникот Бил де Бласио, била уапсена затоа што се нашла меѓу демонстрантите на кои им било забрането собирањето. Таа набрзо била и ослободена.

Во многу американски градови е воведен полициски час. Така, полициски час е воведен во Лос Анџелес, Чикаго, Детроит и Вашингтон, додека југозападната држава Аризона воведе  еднонеделен полициски час за целата држава откако демонстрантите излегоа на улиците и се судрија со полицијата, која користеше солзавец и гумени куршуми.

Ограничувањето на движењето, што ќе влијае врз милиони луѓе, стапи на сила во исто време со распоредувањето на повеќе од 5.000 припадници на Националната гарда, кои беа активирани во 15 држави и главниот град за поддршка на локалните сили за спроведување на законот.