Бес и болка: како американските весници ги покриваат протестите за Џорџ Флојд


Лутите редакциски коментари повикуваат на промена и одговорност и го обвинуваат Доналд Трамп дека е „точно погрешниот лидер за ова време“

 

Насловните страници на американските весници во текот на изминатите неколку дена раскажуваат за двојната трагедија на нацијата, потресена од протести за смртта на Џорџ Флојд и растечкиот број на жртви од корона вирусот.

На насловната страница на „Њујорк тајмс“ во понеделникот се вели: „Кризите близначки и растежот на гневот ги потресоа САД“. Покрај сликите од протестите, два наслови објавуваат: „Пандемијата ги истенчи нервите на нацијата“; и, „Видеата од протестите ја продлабочуваат истрагата за агресивните полициски тактики“.

Во колумна се прашува што имаат заедничко Трамп и „токсичните полицајци“? Во неа се вели: „Кога историчарите ќе погледнат назад во ерата на Трамп, тие многу добро ќе речат дека неговото претседателствување беше фатено во капсулата од овој момент, кога садистички полицаец клекна на вратот на афроамериканец речиси девет минути на очиглед на сите и улиците експлодира во гнев“.

Насловот во понеделникот на „Вашингтон пост“ ја сумираше тензијата во нацијата: „САД во бездна како што се зголемуваат демонстрациите“. Уредничкиот коментар беше насловен: „Додека градовите горат, мегафонот на Трамп ги удави гласовите на нашите подобри ангели“. Во него се вели дека Трамп, кого го нарекува „главен разделувач“, ја игра својата „вообичаена улога како човечки раширувач на оган: точно погрешен лидер за времето“.

Насловната страница на „Бостон глоуб“, во неделата, исто така, ги објави двојните кризи: „Приказната за вирусот“ и „Лидерите повикуваат на смиреност“.

„Сан Франциско хроникл“ во неделата донесе моќна слика од протестите со наслов: „Немири, пукотници го потресоа Оукленд“. Исто така, на насловна страница се објавува „драматично разложување на (корона вирусни) инфекции меѓу расите“. Малцинствата во Америка се несразмерно погодени од Ковид-19. Неговиот уреднички коментар ламентира за „неуспехот на лидерството на Трамп за нација во криза“.

„Нација која се лечи од најлошата пандемија во еден век и најголемата невработеност од Големата депресија од 1930-тите сега се соочува со воспалување на неволјите што го изневерија американскиот идеал за еднаква правда за сите од своето основање: фрустрацијата и болката на системскиот расизам“, се вели во коментарот.

Насловот на неделата на „Чикаго трибјун“ е „Протестите го зголемуваат хаосот“ под слика на запален автомобил. Весникот соопшти дека центарот на Чикаго бил затворен бидејќи немирите се рашириле на југ и запад на градот и во некои предградија. Неговиот уреднички коментар повика на „улта толеранција за немири во борбата за полициска реформа“. Во него се вели дека бесот поради убиството на Џорџ Флојд бил оправдан и „барањата на национално ниво за ставање крај на злоупотребата на полицијата се легитимни“. Но се вели дека „немирите и вандализмот што ги засенија мирни протести изминатите неколку дена претставуваат нешто непристојно и срамно“.

„Лос Анџелес тајмс“ пренесе живописни слики за уништувањето во градот, со наслов „Изгледа како пожарите од последниот пат“,потсетувајќи на немирите во Лос Анџелес во 1992 година по ослободителни пресуди за случајот на Родни Кинг.