Дури 548 од 655 од активните инфекции се во четири градови


Продолжениот прв бран од епидемијата на корона вирусот донесе драматично концентрирање на новите инфекции во само одредени региони во Македонија. Во четири градови – Скопје, Штип, Тетово и Куманово – се дури 83,6 отсто од вкупниот број активни случаи. Бројот на активните случаи во земјава денеска е 655, а од нив во четирите градови се […]

Сите тајни на бункерот во Белата куќа: Засолништето каде што се криеше Трамп од демонстрантите е пет ката под земја


Тајната служба итно го засолни претседателот Доналд Трамп во бункерот во Белата куќа во петокот вечерта откако демонстрантите се приближија опасно и почнаа да фрлаат камења и да ги пробиваат полициските барикади, пишува „Дејли меил“. Трамп во бункерот помина речиси еден час, а таму му се придружија неговата сопруга Меланија и синот Барон. Ова за […]

Салвини маршираше во Рим да не се носат маски


Стотици поддржувачи на екстремната десница, предводени од лидерите на опозицијата, Матео Салвини и Џорџија Мелони, ги прекршија ограничувања за социјалното растојание додека протестираа во Рим против владата на Италија. Демонстрантите, кои излегоа на улиците за да го прослават Денот на републиката скандираа против премиерот Џузепе Конте и мерките за заклучување, кои според демонстрантите ја „ограничиле […]

Протест во Берлин поради затворените ноќни клубови


Луѓето во Берлин денеска вкусија малку повеќе слобода, бидејќи на фитнес студијата, казината и училиштата за танцување им беше дозволено да ги отворат вратите за прв пат откако започна германското заклучување од корона вирусот на 27 март. Спортот со максимум 12 учесници, исто така, за прв пат е дозволено да се одвива во затворен простор […]

Во Италија продолжува да се намалува бројот на смртните случаи од Ковид-19


Бројот на смртни случаи од корона вирусот во Италија денеска се зголеми за 55, што е намалување во однос на вчерашниот кога изнесуваше 60, објави денеска Агенцијата за цивилна заштита. Бројот на новозаразени со Ковид-19 денеска се зголеми за 318 во однос на вчерашниот ден, кога изнесуваше 178. Вкупниот број на смртни случаи во Италија […]

Самсон-Џексон: Разумно е да се очекува вакцина до крајот на годината


Директорката на американската Воена програма за истражување на заразни болести Венди Самсонс-Џексон, денеска изјави дека е разумно да се очекува дека до крајот на годината „на дел од американската популација може да и биде достапен некој вид вакцина против корона вирусот“. Американскиот министер за одбрана Марк Еспер на 15 мај изјави дека американската Влада, во […]

Шпанија втор ден по ред без смртни случаи од Ковид-19


Втор ден по ред нема смртни случаи од коронавирусот во Шпанија, објави денеска Министерство за здравство во Мадрид. Вкупниот број на починати не е променет од неделата и изнесува 27.127, соопшти Министерството. Со 27.127 жртви од Ковид-19, Шпанија се наоѓа на шестото место во светот по бројот на починати. Бројот на новозаразени со коронавирусот корона […]

Османи: Нема друг датум за избори освен 5 јули


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека нема друг датум освен 5 јули за одржување на предвремените парламентарни избори, посочувајќи дека такви се роковите и законски и логични. – Ставот ние го кажавме, нема друг датум освен 5 јули во овој период што доаѓа. Такви се роковите, и законски и логични и какви било. […]

Австрија ќе ја претвори родната куќа на Хитлер во полициска станица


  Од куќата на Адолф Хитлер ќе се отстранат сите нацистички обележја за да престане да првлекува екстремисти, најави во вторникот министерот за внатрешни работи Карл Нехамер. – Куќата во градот Браунау ќе ја преуредиме во полициска станица, рече Нехамер на конференција за медиумите. – Полицијата е чувар на основните права и слободи – рече […]

Обезбедени се пари за функционирање на државата до крајот на годината


Сите пари за нормално функционирање до крајот на годината се обезбедени, во смисла на плати, на пензии, на други трансфери. Не можеме целосно да процениме што ќе се случи до декември, но очекуваме дека сите аспекти ќе се подобрат, и здравството и економијата, еве во мај имаме зголемен прилив во буџетот за разлика од април. […]

Црна Гора прогласи крај на епидемијата


Во Црна Гора се прогласува крај на епидемијата на корона вирусот, одлучи денеска Националното координативно тело, по предлог на Институтот за јавно здравје. – Ова е резултат на неколкумесечните напори на сите во системот и на нашите граѓани. Ви благодарам за довербата ! Некои мерки ќе бидат укинати, но со оглед на тоа што пандемијата […]

Од Доха во Атина долетале 12 патници позитивни на Ковид-19


Во авион со 91 патник на „Катар ерлајнс“ што синоќа слетал од Доха во Атина, позитивни на Ковид-19 се 12 патници, по што Секретаријатот за цивилна заштита на Грција одлучи да ги забрани летовите од и кон Катар. Од заразените, девет се државјани на Пакистан со дозвола за престој во Грција, двајца се грчки државјани од […]

„АС“: Барса сокриле дека имаат пет играчи со коронавирус


Шпанија– Петмина играчи на Барселона и двајца тренери имале коронавирусот, но клубот не ја објави оваа информација, според весникот „АС“. Сите играчи и тренери на шпанскиот гигант се тестираа за вирусот на почетокот на пандемијата и седум од нив се тестираа позитивно. Кај сите нив болеста била асимптоматска, а во повторените тестови – пред да […]

Спасовски: Нема потреба да се продолжи вонредната состојба


Премиерот Оливер Спасовски вечерва изјави дека нема потреба од ново продолжување на вонредната состојба. „Нема потреба да се продолжи вонредната состојба. Претходно, исто така бев против, но имавме за носење уште некои уредби во врска со здравствената и економската криза и не смееше да дозволиме да не се донесат затоа што се важни за здравјето […]

Дополнета владината Уредба за јавен превоз на патници


Владата на денешната седница усвои ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба со која е предвидено во јавниот превоз бројот на патниците во возилата да изнесува најмногу до 50 проценти од капацитетот на возилата за кои е задолжително да бидат опремени со […]

Турција нарача од Русија оружје во вредност од милијарда долари


  Директорот на Федералната служба на Русија за воено-техничка соработка Дмитриј Шугаев рече дека Турција нарачала од Русија оружје во вредост од милијарда долари. „Можеме да констатираме дека вредноста на нарачката од Турција изнесува милијарда долари“, рече Шугаев во интервју за турската телевизиска станица Екотурк. Шугаев рече дека во преговори се за втора партија S-400 […]

Денес вкупно 76 заразени од корона вирусот


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 52, Куманово – 2, Штип – 1, Тетово – 14, Велес – 2, Гостивар – 2, Кочани – 1, Пробиштип – 1 и Кратово-1. Денеска Институтот за јавно здравје […]

Владата донесе Протокол за превентивни мерки на работното место


Владата на денешната седница усвои Протокол за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на Ковид-19, што ќе важат за сите работни места и за сите лица на работното место, како што се работодавците, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите. Како што соопшти владината Прес-служба, Протоколот вклучува мерки кои се однесуваат на […]

Индија со дронови и противпожарни возила се бори против скакулци


Покрај пандемијата на коронавирусот, Индија деновиве се бори против најголемата инвазија на скакулци во последните три децении, што се заканува да ги уништи земјоделските култури и вегетацијата, и за тоа се користат дронови и противпожарни возила. Во потрага по храна, неколку километри долги роеви на пустински скакулци, најдеструктивниот вид на овие инсекти, на почетокот на […]

Мира Фурлан за состојбата во САД: Овде е хаос, вирусот стана политичен


Една од најпопуларните југословенски актерки од Хрватска и секс-симбол во 80-тите Мира Фурлан (64)  емигрираше во САД во 90-тите. Во ново интервју за српскиот RTV се осврна за алармантната состојба во САД . Фурлан последните месеци ги помина во самоизолација во Лос Анџелес каде живее и работи во филмското училиште. Во брак е со српскиот […]